А бре Кољо, мамин Кољо
„А бре Кољо, мамин Кољо“ или „Ој ти Кољо, мамин Кољо“ — македонска народна песна, напишана од непознат автор кон крајот од преродбениот период или во периодот меѓу двете светски војни, во невообичаено разновидни текстуални изведби, за револуционерните дејци Дедо Кољо Добровенски или Никола Коев Николов, брат на Тане Николов. Наративот на авторот е типичен за ајдутските песни, каде што комитата или насловниот протагонист вели дека е „оженет“ за татковината. ОдликиПрви на винил ја снимиле Октет Македонија,[1] а подоцна во алтернативна варијанта ја снимиле вокалната група Мимози,[2][3] додека најпозната е изведбата од ансамблот Танец.[4] Аранжманот е разновиден, со 3/4 и 11/8 такт,[5][6] иако вклучените снимени изведби се во 2/4 такт. ТекстОј ти Кољо, мамин Кољо, мамино кумито, Баба ќе те жени Кољо, за попова ќеро, Мајка ми е бабо мори, на Пирин Планина, Деца ми се бабо мори, дробните фишеци, Назад не се враќат бабо, работа ми вршат, Алт:А бре Кољо, мамин Кољо, мамина кумито, Нели се нагледа, Кољо, младите ан'мки? Нели се наноси, Кољо, пушки малихерки, - Мојта жена, мила мајко, пушка малихерка, Нели се најаде, Кољо, мрсните кокошки, Каде ги испраќам, мајко, назад не се враќат, Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia