Маргарета I (Данска), владетелка на Данска, Шведска и Норвешка од крајот на 14 до почетокот на 15 век.
Кралица е женски монарх кој владее над држава, додека царица е женски монарх кој владее над царство (империја). Машката верзија на кралица е крал. Меѓутоа, многу почесто во историјата, оваа титула е куртоазна наместо владејачка, и едноставно означува дека жената е сопруга на владетелот.
Историја
Во древен Египет, Античка Персија, Азијиските и Пацифичните култури, и некои европски земји, на женските монарси им била доделена титулата крал. Византиската царица Ирина понекогаш себеси се нарекувала basileus (βασιλεύς) - "цар", отколку basilissa (βασίλισσα) - "царица“, и Јадвига од Полска била крунисана како Rex Poloniae - кралот на Полска.
Меѓу Давидските Монарси од Јудејското царство, се споменува само една кралица, Готолија, иако во Хебрејската Библија таа е негативно прикажана. Многу подоцна Хасмонејската кралица Салома Александра (Shlom Tzion) била многу популарна.
Наследството може да биде матрилинеално, патрилинеалното, или и двете. Правото на наследство можат да го имаат и мажите и жените, или да е ограничено само за мажите или само за жените.
Во 2011 година, Британскиот Комонвелт се согласи да го отстрани владеењето на патрилинеалното првородство.
Источна Азија
Во Кина, Ву Зетиан станала кинеска царица и ја формира Џоу династијата по отпуштањето на нејзините синови. Треба да се напомене дека, сепак, царицата Ву ја користела титулата huangdi ("цар") што е спротивно на huanghou ("царица") и била често нарекувана, и во азиски и европски извори, женски император, а во еден била наречена царица. Слично на тоа, неколку децении порано во Кореја, кралиците Сеондеок од Сила и Јиндеок од Сила го развиле терминот yeowang ("женски крал") за себе наместо терминот hwanghu, што обично се преведувало како "кралица" и се однесувал на сопругата на кралот или царот.
Иако Хризантемскиот престол на Јапонија во моментов е забранет за жени, ова не било секогаш случајот; во текот на јапонската историја имало осум царици. Во Јапонскиот јазик се користи терминот josei tennō ("женски цар") наместо "царица", а терминот kōgō се користи за сопругата на царот.
Кралицата како тема во уметноста и во популарната култура
Кралицата како тема во книжевноста
„Сиромашната девојка која станала кралица“ – полска народна приказна.[1]
„За принцезата маѓепсана во змија“ – полска народна приказна.[2]
„За проколнатата принцеза“ – полска народна приказна.[3]
„Марцика и проколнатата принцеза“ - унгарска народна приказна.[4]
↑Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 185-187.
↑Џоана Волш, Набави си муда: 9 и 1 / 2 бајки за секс. Скопје: Темплум, 2019, стр. 15-19.
↑Џоана Волш, Набави си муда: 9 и 1 / 2 бајки за секс. Скопје: Темплум, 2019, стр. 25-33.
↑Влада Урошевиќ, „Хофман - писателот што го открил клучот на фантастиката“, во: Е. Т. А. Хофман, Фантастични раскази. Скопје: Македонска книга 2002, 2002, стр. 182-183.
↑Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 16.