Хералдичка круна на германските кралеви (варијанта користена во ран модерен период)
Крал е машки монарх, односно шеф на држава. Женскиот монарх се нарекува кралица.
Еволуција
Подоцна, во текот на доцната антика и во средниот век, кралот прераснал во вистински само-владетел, надлежен за целокупното функционирање на државата. Поединечната улога на кралот почнала да опаѓа од 16 век, кога монархиите станале уставни и парламентарни, со што голем дел од функциите на кралот во државата ги презеле други институции. Денес, кралевите во повеќето монархии имаат формално церемонијална улога, а во пракса сѐ уште задржуваат значителен имот и политичко влијание. Сепак, постојат и апсолутни монархии, во кои кралот има целосна власт.
Улога
Изворно, кралевите во племенските држави имале само неколку улоги:
Да служат како свештеници при принесувањето на жртви
Да бидат водачи во војните (поради физичките индиспозиции, ова ги исклучувало жените како кралици во раниот развоен период на општествата).
За кралевите
Во своето дело „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски ги исмејува кралевите, за кои вели дека немаат ниту половина унцасол во главата. Според него, кралот мора да ги води јавните а не приватните работи, да ги почитува законите и да се грижи за чесноста на службениците, а не да го троши времето на забава, лов и коњи, да продаваат благороднички титули и на поданиците да им наметнуваат давачки.[1] Исто така, тој вели дека кралевите не се надарени со никакви добри духовни својства, тие им робуваат на пороците и на страстите и никогаш не се задоволни со она што го имаат.[2]
Во делото „Богатството на царот Радован“ (во есејот „За кралевите“), српскиот поет Јован Дучиќ пишува дека ретко кој крал бил среќен, зашто околу него се собираат многу луѓе кои му прават сплетки и сакаат да ги остварат своите интереси, а народот секогаш очекува премногу од него. Исто така, тој смета дека луѓето се најчесто неправедни кон кралевите и често ги сметаат за тирани, поради стравот од нивната сила. Навистина, често се случува владетелите да се гладни за власт и по секоја цена сакаат да ја зачуваат власта при што не се воздржуваат од примена на секакви средства.[3]
Кралот како тема во уметноста и во популарната култура
„Балада за еден крал, како и за една болва“ (руски: Баллада об одном короле и тоже об одноҋ блохе) — песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1919 година.[30]
„Кралство“ (англиски: The Kingdom) - песна на австралиската рок-група Ајсхаус (Icehouse) од 1987 година.[42]
„Кралот Сонце“ (англиски: Sun King) - песна на британската рок-група Битлси од 1969 година.[43]
„Во кралството на слепите, еднооките се кралеви“ (англиски: In The Kingdom Of The Blind The One-Eyed Are Kings) - песна на британската група Дед кен денс (Dead Can Dance) од 1988 година.[44]
„Кралот Хари“ (англиски: King Harry) — песна на американскиот рок-музичар Џон Кејл (John Cale) од 1972 година.[45]
„Крал на Америка“ (англиски: King Of America) — музички албум на британскиот рок-музичар Елвис Костело (Elvis Costello) од 1986 година.[46]
„Кралот на цвеќињата на морковите“ (англиски: The King of Carrot Flowers Pt. 1) - песна на американска рок-групаЊутрал милк хотел (Neutral Milk Hotel) од 1998 година.[47]
„Крал на болката“ (англиски: King of Pain) - песна на британската рок-група Полис (Police) од 1983 година.[48]
„Кралот е бел и во толпата“ (англиски: King Is White And In The Crowd) - песна на шкотската рок-група Симпл мајнд (Simple MInds) од 1982 година.[49]
„Крал на дождот“ (англиски: Rain king) - песна на американската рок-група Соник јут (Sonic Youth) од 1988 година.[50]
„Кралската измама“ (англиски: The Royal Scam) — песна од истоимениот музички албум на американската рок-група Стили Ден (Steely Dan) од 1976 година.[51]
Кралот како тема во сликарството
„Крунисувањето на Ладислав Неаполски“ (Krunjenje Ladislava Napuljskoga) - слика на хрватскиот уметник Целестин Медовиќ од 1893 година.[52]