Крајбрежна црвена секвоја
Крајбрежната црвена секвоја (латински: Sequoia sempervirens) е единствен преживеан вид од родот Sequoia од фамилијата чемпреси (Cupressaceae). Крајбрежната црвена секвоја е зимзелено, долговечно, иглолисно дрво кое живее од 1.200 до 2.200 години, а можеби и повеќе.[3] Крајбрежната црвена секвоја достигнува висина од 115,9 метри и овој вид дрва се највисоки живи дрвја на Земјата. Овие дрвја, исто така се меѓу најдолговечните организми на Земјата. Пред да се започне со комерцијална сеча и расчистување на теренот во 1850-тите, ова дрво покривало околу 810 000 хектари[4] [5] [6] во неговото автохтоно живеалиште долж крајбрежјето на Калифорнија (со исклучок на јужна Калифорнија каде нема доволно врнежи) и југозападното крајбрежје на Орегон во рамките на Соединетите Американски Држави. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia