Крајна десницаКрајна десница, екстремна десница, радикалната десница или ултрадесницата се изрази кои се користат за означување на крајниот десен спектар на политички идеологии. Екстремно десничарската политика честопати вклучува супремизам - верување дека супериорноста и инфериорноста се вродени реалности помеѓу поединци и групи, како и целосно отфрлање на концептот на социјална еднаквост како норма.[1] Крајната десница често ја поддржува политиката на сегрегација, односно одвојувањето на групите за кои смета дека се супериорни во однос на групите за кои сметаат дека се инфериорни.[1] Крајно десничарската политика често вклучува авторитаризам, нативизам, расизам и ксенофобија.[2] Идеологии најчесто поврзани со крајната десница се фашизам, нацизам и други ултранационалистички, екстремни религиозни или реакционерни идеологии.[3] НаводиЛитература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia