Крематориум

Мејтлендски крематориум, Јужноафриканска Република

Крематориум (од лат. crematio — „горење“) — наменски изградена зграда со печка што се користи за кремирање на покојници; Крематорската комора не е наменета да прими повеќе од едно лице истовремено.[1][2] Кремацијата е процес на согорување на телата. Се изведува пред погребот во посебна печка за кремација. Просечната температура во комората е повеќе од 1000 °C, така што остатоците од една личност се претвораат во прашина. Можат да се чуваат во мала урна.

Во Македонија моментално нема крематориуми.[3]

Свечени градби

Иако крематориум може да биде секое место што содржи крематор, современите крематориуми се наменети да исполнуваат повеќе намени. Освен што претставуваат простор за практично, но достоинствено погребување на телата, тие исто така мораат да ги задоволат емоционалните и духовните потреби на тагувачите.[4]

Дизајнот на крематориумот често е длабоко обликуван од погребните обичаи на земјата. На пример, крематориумите во Обединетото Кралство се проектирани со јасно раздвојување меѓу просториите за погребна церемонија и оние за кремација, бидејќи не е вообичаено тагувачите да бидат сведоци на тоа како ковчегот се внесува во крематорот. За да се обезбеди замена за традиционалниот чин на спуштање на ковчегот во гроб, се користи механизам што овозможува ковчегот да исчезне од видик.

Од друга страна, во Јапонија, тагувачите присуствуваат додека ковчегот се внесува во крематорот, а потоа се враќаат по завршената кремација за да учествуваат во обичајот на собирање на коските од пепелта.[4]

Наводи

  1. „крематориум“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „крематориум“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „Ќе има ли крематориум во Македонија? Желби и идеја има, реализација нема“. Религија. 2019-11-18. Посетено на 2025-05-09.
  4. 4,0 4,1 „Typology: Crematorium“. Architectural Review. 14 November 2016. Посетено на 2 април 2019.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya