Крижевци — град во копривничко-крижевската жупанија во Хрватска. Според пописот од 2001 г. градот имал вкупно 11.541 жител.[1] Поради близината на Загреб (57 км), Крижевци се развива како сателитска градска населба со поволна положба во близина на регионалните средишта Копривница (31 км), Бјеловар (33 км) и Вараждин (48 км).
За настанокот на Крижевци била важна макросообраќајната положба. Уште од антиката и средниот век на просторот на Крижевци се наоѓала крстосница на патишта, а низ населбата поминувал познатиот пат на кралот Коломан кој го поврзувал панонскиот и јадранскиот простор. Крижевци лежи на 140 метри надморска височина.
Панорама на Крижевци
Население
Според пописот од 1991 г. составот на населението во градот Крижевци бил: