Копривничко-крижевска жупанија
Копривничко-крижевачката жупанија е жупанија во северозападниот дел на Хрватска. Прв жупан на Копривничко-крижевачката жупанија бил: Иван Станчер (1993 - 1997). НаселениеСпоред пописот од 2001 година, жупанијата броела 124.467 жители (2,8% од вкупното население на Хрватска) со просечна густина на населеност од 71 жител на км2. Етничкиот состав бил следниот: Хрвати 96%, Срби 1,9%, Словенци 0,1%, Роми 0,1%, Унгарци 0,1% и други.
ГеографијаКопривничко-крижевачката жупанија се наоѓа во северозападниот дел на Република Хрватска, т.е. во североисточниот дел на Централна Хрватска. Таа е распространета по низината на Драва и е омеѓена со Билогора и Калнчка Гора.[1] Со површина од 1,746 км2, оваа е седумнаеста по големина жупанија во Хрватска според површината. Североисточниот дел на жупанијата го сочинува долината на реката Драва на која преовладува земјоделската дејност со значајни наоѓалишта на нафта и на земен гас. Поголеми населени места во овој простор се Копривница, Крижевци и Ѓурѓевац. СтопанствоКопривничко-крижевачката жупанија спаѓа во панонската регија. Земјоделскиот простор на жупанијата се состои од пет микрорегионални целини:
Подравскиот земјоделски басен и Прекодравље се подрачја со интензивно земјоделско производство. Останатите гранки на економијата се производството на млеко, производството на хмељ, сточарството, зеленчуковите култури и виноградарството. ТуризамНајважни одредишта во жупанијата се Галеријата на наивната уметност во Хлебине, жупната црква Свети Ане, гркокатоличката катедрала на Светото Тројство и црквата на Свети Крст во Крижевци, историското средиште Крижевци, прехранбениот музеј “Подравка” – Копривница, Стариот град Ѓурѓевац и Галеријата Лацковиќ – Батинска, стариот град Калник и Мал Калник. ЗнаменитостиНа подрачјето на Копривничко-крижевачката жупанија има единаест заштитени делови од природата, кои заземаат површина од околу 5,550 ha.
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia