Кристина КрамерКристина Елизабет Крамер е македонист, славист и професор по македонски јазик и руски јазик. Професор е на Универзитетот во Торонто и декан на катедрата за словенски јазици при факултетот за уметност и наука. Крамер е автор на книгата за македонски јазик: Македонски:Курс за почетници и напредни студенти. Книгата била објавена за првпат во 1999 година, повторена и проширена во второто издание во 2003 и е најширокоприфатената англиско-македонска книга. Таа е специјалист за балкански јазици и семантика, особено македонскиот јазик и јужните словенски јазици. Нејзините истражувања ги опфатиле следните области: синхронизирана лингвистика, социолингвистика, глаголски категории, јазици и политички погледи. Моментало предава македонски јазик. Образование
Таа работела како преведувач на македонски јазик, руски јазик, српскохрватски јазик и турски јазик[1]. Од 1986 година Крамер е дел од Универзитетот во Торонто. Како редовен професор е прогласена во мај 2001[3]. Дела
НаградиВо 2006 година Крамер била наградена од страна на Американската асоцијација на професори за словенски и источноевропски јазици за најдобар придонес на педагогијата на јазикот за нејзината книга: Македонски: Курс за почетници и напредни студенти. Наградата ја примила во Филаделфија на 28 декември 2006[4]. Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia