Кристијан Мајер (велосипедист)
Кристијан Мајер (англиски: Christian Meier; р. 21 февруари 1985) — поранешен канадски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2005-2016. Мајер има потекло на германски угостители кои се населиле во Канада.[1] Неговиот брат Мајкл починал од рак во 2010 година.[2] Возел за ГринЕЏ во 2012 година, настапувајќи на Џиро д’Италија во мај. Возел на сите три големи трки во кариерата со пет настапи на нив, последен пат на Тур де Франс 2014. Го најавил своето повлекување во септември 2015 година, и покрај тоа што имал уште една година од договорот со екипата.[3] Во март 2015 година, Мајер заедно со сопругата Амбер го отвориле кафулето „Ла Фабрика Ѓирона“.[4] Следната година го отвориле второто кафуле „Еспресо Мафија“.[3] Достигнувања
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia