Крсте Чачански (награда)Наградата „Крсте Чачански“ била книжевно признание за необјавена збирка раскази кое се доделувало од Културниот центар „Бран“ од Струга и Ревијата за книжевност „Бранувања“ од 2011 до 2019 година. Признанието го носи името на прозаистот и поет со струшко потекло Крсте Чачански (25 септември 1949 - 13 јуни 2003) и се доделувало истовремено со признанието за најдобар поетски ракопис „Јован Котески“ на манифестацијата Струшки книжевни средби. ДобитнициХристо Петрески (2011) за збирката раскази „Пирамида. Лавиринт“[1] Милован Стефановски (2012) за збирката раскази „Ѓаволско море“[2] Петре Димовски (2013) за збирката раскази „Мисија“ Марина Мијаковска (2014) за збирката раскази „Куќички“[3] Добре Тодоровски (2015) за збирката раскази „Помен за едно време“[4] Васил Тоциновски (2016) за збирката раскази „Грлици“[5] Стефан Марковски (2017) за збирката раскази „Смртта долетува насмевната“[6] Владимир Плавевски (2018) за збирката раскази „Момини солзи“[7] Даниела Андоновска-Трајковска (2019) за збирката раскази „Кафе, чај и црвено небо“[8] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia