Даниела Андоновска-Трајковска
Даниела Андоновска-Трајковска (3 февруари 1979, Битола) — поет, прозаист, книжевен критичар, доктор на науки по педагогија во областа на методиките и редовен професор по методика на Педагошкиот факултет – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола. БиографијаДипломирала на Факултетот за учители и воспитувачи во Битола во 2001 година, како најдобар студент на генерацијата, магистрирала на тема „Методски постапки за поттикнување на поетското творештво во одделенската настава“ (2006 год.), а докторирала на тема „Методичко моделирање на развојот на критичката писменост како општообразовна компетентност“ на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (2010 год.). Акредитиран ментор е на магистерски и докторски студии[1], а има објавено стотина стручни и научни трудови во референтни меѓународни публикации, учесник во значајни меѓународни образовни и научни проекти и национален обучувач за наставници (од 2010 до денес), предавала заедно со универзитетските професори Робин Меккорд (Robin McCord) од Чендлер, Аризона, САД (Chandler, Arizona (USA)) и Хуан Хосе Варела Тембра (Juan Jose Varela Tembra) од Сантјаго де Компостела, Шпанија (Santiago de Compostela, Spain) по следниве предмети: Образовна методологија (Educational Methodologies) (2005 and 2006) и Рани детски искуства по јазични уметности (Early Childhood Experiences in Language Arts) (2007 and 2008) на Меѓународниот летен Универзитет, SPARK, поранешна ATA (Academic Training Association) со седиште во Амстердам, Холандија. Орестојувала на повеќе студиски престои во странство и учествувала на бројни меѓународни конференции. Соосновач е на Универзитетскиот литературен клуб Дениција ПФБТ УКЛО, а иницијатор е и за создавањето на Центарот за литература, уметност, култура, ораторство и јазик на Педагошкиот факултет – Битола каде активно работи на проекти од областа на книжевноста. Член е на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), на Славјанската литературна и уметничка академија со седиште во Варна и на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ (БКК). Член е и на Македонското научно друштво (МНД) – Битола, каде во два мандати била претседател на Уредувачкиот совет. Сега е дел од управниот одбор на Друштвото како претставник од одделението за лингвистика и литература. Главен уредник е на списанијата „Раст“ (Битолски книжевен круг) и „Современи дијалози“ (Македонско научно друштво-Битола, на циклусот поетски збирки со наслов „Збор во зборот“ и на неколку монографии. Поезијата ѝ е преведена на повеќе светски јазици и е објавена во реномирани книжевни списанија во земјата и странство. НаградиДобитник е на:
ДелаПоезија:
Проза:
Други дела
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia