Крстилница „Св. Јован Претеча“ - Солун
Свети Јован Претеча (грчки: Άγιου Ιωάννη του Προδρόμου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија. Се наоѓа во градскиот центар, околу античката крстилница поврзана со систем од катакомби со соедниот храм „Св. Софија“.[1][2][3] ![]() Се наоѓа е во мала градина меѓу улиците „Иктин“ на северозапад, „Макензи Кинг“, која ја двои од „Св. Софија“ на север и „Павлос Мелас“ на исток.[1] Старите остатоци се под уличното ниво, на нивото на „Св. Софија“ и „Пресв. Богородица Казанџиска“.[2] Зачуваниот базен првично бил дел од антички нимфеум (храм на нимфите). Христијанската крстилница веројатно е постара од „Св. Софија“. На еден од столбовите е всечен крст.[2] Катакомбниот систем и откриен во 1892 г. и се состои од ходници и две подземни простории, од кои едната со мал извор. Во средината на дворот се остатоците од византиската црква, која многу личи на ротондата „Св. Ѓорѓи“, но помала. Тааа црква пак, е изградена врз рушевините на антички храм.[1] Во 1932 г. се извршени ископувања, кога било решено таму да се подигне зграда. Откривањето на антички остатоци ги запреле градежните работи.[2] Денешната црква е добар пример за ускладување на денешната архитектура со античките остатоци — изградена е од стакло и зелен камен во 1990 г. врз помала црквичка од 1940 г.[2] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia