Крстосница![]() Kрстосница[1][2], раскрсница[3][4] или крстопат[5][6] — површина на која се крстосуваат или соединуваат два или повеќе јавни патишта, како и широка сообраќајна површина (плоштад и слично), што настанува со крстосување, односно со соединување на патишта.[7] Раскрсниците може да бидат на исто ниво (раскрсница со или без семафор и раскружница) и на различно ниво (надвозник, подвозник и клучка). Нивото на раскрсницата зависи од разликата во висина на патиштата кои се вкрстуваат на местото каде што се вкрстуваат. Видови крстоснициПостојат шест вида крстосници и тоа се:
Сите овие крстосници се разликуваат по ниво, безбедност, практичност и можности и трошоци за изградба. Покрај раскрсницитие во ниво главно се наоѓаат пешачки премини. Крстосница без семафориРаскрсницата без семафори е најосновна, најнебезбедна, наједноставна и најбавна раскрсница. Првенство на минување се одредува со сообраќајни знаци, ознаки на патишта и сообраќајни правила (правила на „десната страна“ и „свртување лево“) или во вонредна ситуација ситуација врз основа на сигналот на сообраќајниот полицаец. Крстосница со семафориНа раскрсница со семафори сообраќајот го регулираат семафорите. Во случај на откажување на семафорот, сѐ е исто како на раскрсница без семафори. Регулирањето на сообраќајот може да го врши и полициско лице - сообраќаец. РаскружницаРаскружница е сообраќајна површина со централен остров во која сообраќајот се одвива во кружен тек и во насока спротивно на стрелките на часовникот во земјите каде сообраќајот се одвива по десната страна, и во насока на стрелките на часовникот во земјите каде сообраќајот се одвива по левата страна од коловозот. НадвозникНадвозник е мост над вкрстувањето на две сообраќајници со кој едната сообраќајница, издигната над земјата, се преведува над другата која лежи на нивото на земјата. ПодвозникПодвозник е подземен премин за возила или луѓе под јавна сообраќајница. КлучкаКрстосница во два или повеќе нивоа во патниот сообраќај. Истата се смета за најбрз и најбезбеден вид крстосница. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia