Во Евклидовата геометрија, круг е множество од сите точки во рамнината кои се наоѓаат на еднакво растојание, наречено полупречник, од дадена точка, наречена центар. Кружницата е проста затворена крива, која ја дели рамнината на внатрешен и надворешен дел. Внатрешноста заедно со самата кружница се нарекува круг.
Кружницата со центар во координатниот почеток и со полупречник 1 се нарекува единична кружница.
Периметарот на кругот се пресметува според фурмулата:[1] L = d x π, каде: d е дијаметарот на кругот, а бројот π има приближна вредност од 3,41. Слично на тоа, периметарот може да се пресмета и како: L = 2r x π, каде r е радиусот на кругот. Плоштината на кругот со радиус r се пресметува со следнава формула: P = π x r2
Кругот како тема во уметноста и во популарната култура
„Анти-круг“ (англиски: The Anti-Circle) — песна на американската хип-хопРутс (The Roots) од 1993 година.[14]
Наводи
↑Боривоје Миладиновиќ, Трајче Ѓорѓијевски и Никола Петрески, Математика за II година гимназиско образование. Скопје: Алби, 2009, стр. 136-137.
↑Horhe Luis Borhes, Маštarije. Beograd: Paidea, 2006, стр. 31-35.
↑Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 87.
↑Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 69-70.
↑Ристо Трифковиќ, „Мак Диздар или Патот до Камениот спијач“, во: Мак Диздар, Горчин. Скопје: Македонска книга, 1968, стр. 138.
↑Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 210.
↑Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 109.
↑„Хронологија“, во: Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 159.