Крушевски манифестКрушевскиот манифест е манифест што го објавила востаничката власт во Крушево за време на Илинденското востание. Напишан е на 6 август, а негов автор е Никола Киров Мајски, иако одредени историски извори како автор го наведуваат Никола Карев. Напишан е на македонски јазик (крушевски дијалект), а потоа, преведен на турски јазик, е испратен во 17 примероци до околните села со чисто или мешано муслиманско население. Во него околното муслиманско население братски се повикува да ја поддржи и да ја помогне светата борба на сите обесправени во Македонија. Манифестот наидува на добар прием од страна на муслиманското население, а кметот на селото Алданци возвратил со порака во која изразува разбирање за мотивите на востаниците. Текстот на Манифестот првпат е објавен во драмата „Илинден“ на Никола Киров Мајски во 1923 година.[1] Содржината на Крушевскиот манифестКрушевскиот манифест се обраќа кон муслиманското месно население во крушевскиот регион. Иако е напишан во форма на обраќање до муслиманите - Турци, Арнаути (Албанци) и Торбеши, Манифестот едновремено дава и јасна слика за мотивите и целите на востанието, неговиот ослободителен и социјален карактер. Најнапред, Манифестот ги објаснува мотивите на востаниците:
Потоа, ги смирува муслиманите дека востанието не е насочено против обичниот народ, туку против државата и нејзините експоненти:
Потоа, Манифестот ги повикува да им се придружат на востаниците поради заедничка борба против социјалниот терор на Отоманското Царство.
Со ова, Манифестот ги презентира социјалните цели на востанието - воспоставување на поправедно општество. Покрај тоа, манифестот ги смирува муслиманите (Турци, Арнаути и други) дека и доколку не се приклучат кон востанието, нема да бидат мета на востаниците и ги повикува барем да не се придружуваат на спротивната страна, ако веќе не се приклучуваат кон востаниците:
Конечно, Манифестот има и силно изразена патриотска линија, претставувајќи ја Македонија како „заедничка наша мајка“. Така, се зборува за „нашата мила и богата земја Македонија“, „бајракот на Афтономна Македонија“, „чесни и добри македонски синој“, а завршува со зборовите:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia