Главен штаб за II Битолски револуционерен округГлавниот штаб за II Битолски револуционерен округ бил највисокото раководно тело во Битолскиот револуционерен округ во текот на Илинденското востание [1]. Во надлежност на Штабот биле сите востанички сили и дејствија во Битолскиот округ, но мерките и актите кој овој Штаб ги презел или донел влијале во целина во текот и искодот на Илинденското востание Формирање![]() ![]() ![]() Смилевскиот конгрес уште од првото свое заседание започнал со донесување на одлуки за кревање на востание. Бил избран Главен штаб за II Битолски револуционерен округ, а тој требало да раководи со подготовките за востанието и со самото востание. За членови на Главниот штаб биле избрани: Даме Груев, Борис Сарафов и Атанас Лозанчев, а како нивни заменици биле избрани Георги Поп Христов, Петар Ацев и Лазар Поп Трајков. Членовите на ГШ биле избрани со јавно гласање додека пак нивните заменици со тајно гласање [2]. Конгресот донел и непротоколарно решение, доколку пристигнат нови сили [2], како Ѓорче Петров, Пере Тошев и Христо Матов, тие по автоматизам да влезат во Штабот. Активност на Главниот штабДатум за востаниеСо формирањето на ГШ Македонската револуционерна организација влегла во својата востаничка атмосфера. Штабот таквата состојба ја официјализирал со своето прво Окружно до Центровите, селските началници и народот од 27 мај 1903 година. По завршувањето на Смилевскиот конгрес Штабот презел разни дејнсоти за засилување на подготовките за востание. Даме Груев и Борис Сарафов со чета започнале обиколка низ Охридско, Преспанско, Ресенско, Кичевско, Демихисарско, Крушевско и Костурско. При оваа обиколка биле изработени детални планови за започнување на востанието во секој реон во зависност од месните услови. Глaвниот штаб од страна на Смилевскиот конгрес бил овластен да го одреди датумот за започнување на востанието. По долги натегања на 14 јули Даме Груев, Борис Сарафов кај селото Буф востанието да се крене на 2 август на празникот св. Илија [3]. На 22 јули, Главниот штаб ги известил горските началства дека востанитето ќе започне на 20 јули - стар стил (2 август) [4]. Централниот комитет го прифатил датумот за кревање на востанието и на другите револуционерни окрузи им го препорачал, а било дадено и појаснување дека востанието ќе започне:
Исто така бил испратен и Општиот план за востанието во кој било потенцирано дека: Целта на востанието не е да ја победиме Турција, туку таа да не може да не победи [5]. Предупредување до дирекцијата на Источните железнициПред да започне востанието ГШ испратил предупредување до дирекцијата на Источните железници, во кое било истаканто дека во текот на востанието ќе бидаат преземени напади по железничката линија. Затоа ГШ тргнувајќи од човечкиот долг ја предупредил дирекцијата да не се дозволи во екот на востанието населението во Македонија да патува со Источните железници за де избегнат невини жртви. Дирекцијата пак од своја страна оваа предупредување го сфатила сериозно и објавила дека таа не може да ја гарантира безбедноста на патниците на линијата Битола - Солун. СмилевоНа празникот св. Илија во Смилево постоела голема раздвиженост. Самиот празник ги прикривал активностите за востанието. Жените и децата пред очите на војската разнесувале муниција и сопштенија до пунктовите за напад. Даме Груев заедно со ГШ се наоѓал над селото Бигла. Приквечер во селото војничката османлиска труба го означила времето за вечерната молитва. Кога османлиските војници извикале Падишах чок јаша, од спротивните куќи изгрмел плотун, а од сите страни се слушнало Долу Султанот!, Долу Турција! и Ура! Веднаш потоа ГШ на чело со Даме Груев слегле во селото и се соединиле со четите што ја започнале борбата. На 3 август Генерал штабот наредил евакуација на целото население кое не е способно да се бори во месноста Голем Гар, а до пладне Смилево било празно. Во тој период под раководство на Стојан Донски биле преземени мерки за утврдување на Смилево, биле ископани одбранбени ровови со што се зацврстиле одбранбените востанички позиции. Населението кое не било способно да се бори и понатаму се наоѓало во збегот Голем Гар каде биле организирана заедничка исхрана, а биле преземени мерки за негова заштита [1]. Напад врз Главниот востанички штаб![]() На 25 август османлиската армија започнала со напад на востаничката област Ѓавато-Смилево. Во нападот учествувале 10 баталјнои со јачина од 12 000 војници под команда на Бахтијар паша. Истиот ден, биле разбиени востаниците во Ѓавато раководени од Ѓорѓи Сугарев. а востаниците морале да се повлечат кон Смилево. Од османлиската артилерија настрадале селата Цапари и Ѓавато. Селаните од Ѓавато се засолниле во збегот Голем Гар. На 26 август Турците почанле со оклолување на Смилево, а бројот на востаниците во селото се икачил на 600 души. Османликата сили со поддршка на артилеријата, на 28 август започнале со напад на Смилево. Одбраната била раководена од Даме Груев и Ѓорѓи Сугарев, а востаниците во првите часови давел силен отпор, меѓутоа набргу паднале востаничките позиции кај манастирот „Св. Петар“, Гробот, Горановец и Арамиски камен. Откако паднала востаничата колона кај Арамсикот камен дел од турската војска се упатила кон збегот Голем Гар и бил извршен масакар врз неборбеното население. Биле убиени 56 души, меѓу нив имало три неделни бебиња и 80-годишни старци, имало многу обесчестени, ранети и ограбени. Бугарскиот трговски агент Андреј Тошев, во својот извештај од 24 август 1904 година истакнал дека во Ново Смилево биле масакрирани 37 души, во Старо Смилево 8 души и во село Ѓавато 11 души. Вечерта Смилево било запалено, а во пресрет на празникот св. Богородица, по вторпат горело. Според турските извори во Старо Смилево изгореле 7 куќи, а во Ново Смилево 400 куќи. Даме Груев со смилевските чети да се засолни во Голем Гар. Во збегот Груев им кажал на селаните дека четите преку ноќ ќе го напуштат збегот за да им избегаат на турските потери, но со тоа самите селани ќе бидат изложени на нов масакр. Затоа Даме им кажал на селаните да се предадат на турската власт. Востаниците успеале да се пробијаат, а селаните следниот ден се вратиле во селото и се предале на војската. ДемихисарскоПо падот на Смилево, Даме Груев со четите се повлекол во востаничката база Нива Орница кај селото Боиште Демирхисарско. Во оваа област се нашла и турската армија, а Даме Груев со четите повторно се вратил во околината на Смилево. Армијата откако го проверила Демирхисарско заминала за Битола и Кичево, Груев повторно со четите се врати во Демирхисарско, таму дошло до поголема концентрација на востаници, тука се нашле и востаниците од Крушевско и Битолско, околу 1000 души. Османлиската армија против оваа групација на востаници повторно тргнала во офанзива. Биле ангажирани 10 000 војници и башибузлук, 14 топа и 4 коњанички ескадрони. Армијата се движела во 4 правци, од Смилево кон Слепче, Церово-Вирово, Ресен преку Црн Врв, Охридско-Плеќе. Главниот востанички штаб бил навремено известен и биле преземни контрамерки. Востаниците се поделиле на три одреди и се рапоредиле меѓу селата Боиште и Слоештица во должина од 15 километри. Во средината на фронтот се наоѓал Главниот Штаб со 300 востаници [1], на левото крило биле распоредено 250 востаници на чело со Ѓорѓи Сугарев, а на десното крило кај Вирово и Церово биле распоредени околу 430 востаници. Битката кaј СлоештицаУтрото на 30 септември 1903 година започнала битката. По двочасовни борби, левото крило на востаниците било загрозено од правецот Лесково, затоа тоа се повлекло кон центарот за да го заштитат Главниот штаб. Меѓувреме десното крило кое било напаѓано од три страни давало силен отпор, но по силниот артилериски оган и тие биле принудени на повлекување, меѓутоа успеале да заземаат добри позиции во Церовата гора, а тука подоцна пристигнале и востаниците од Вирово и Боишките планини. Пред стемнување востаниците успеале со јуриш да го пробијат обрачот на армијата и се упатиле кон Смилево и боишките шуми, а други кон Церовските Палнини и кон Вирово. Во текот на Битката загинале 17 востаници, а 11 биле ранети. Христо Силјанов истакнува дека:
Очај![]() Герилската тактика во почетокот на востанието дала резултати, востаниците во првите денови имале иницијатива. Но откако започнала офанзивата на османлиската армија, востаниците биле принудени да се повлекуваат и да избегнуваат дирекни судири со турската армија. Со Општиот план било предвидено населениетода не учствува во борбите, но постепено востанието во Македонија и Одринско добивало масовен карактер. Откако армијата почнала со систематско палење на селата, при востаниците се создале големи збегови, со што дополнително се влошиле позициите на востаниците кои сега требало да го бранат населението. Македонската револуционерна организација, нејзините раководители, Смилевскиот конгрес и Главниот востанички штаб сметале дека турската армија нема да посегне толку жестоко по цивилното население. Самиот Даме Груев истакнал:
Меѓутоа централната власт по совет на германската дипломатија и дозволила на својата армија систематски да го гони и уништува неборечкото население, при што биле изгонети, убиени голем број на жени, деца и старци, голем дел од турските села биле пеплосани. Главниот штаб на 30 јули 1903 година испратил Мемоар до големите сили во кој било истакнато дека:
Мемоарот останал без ефект, а турската армија продолжила со дејствата против неборечкото население. Сето тоа придонело Главниот штаб, по палењето на Крушево и Смилево, по масакрот во збегот Голем Гар, да размислува за идната тактика на востанието. На 22 септември во Слоештица, Даме Груев, Борис Сарафов и Атанас Лозанчев имале средба. На оваа средба Сарафов предложил да се побара воена интервенција од Бугарија. Меѓутоа никој од нив не сакал да замине во Бугарија за да бара помош. Затоа истиот ден Главниот штаб се обратил писмено до бугарската влада, во писмото било истакнато дека Главниот штаб поради: ![]()
Во панатамошниот текст до бугарската влада била објаснета состојбата во Битолскиот вилает и Главниот штаб изразил чудење зошто бугарската влада:
и било побарано од бугарската влада да притекне на помош со војна. Меѓутоа и самиот иницијатор на писмо Борис Сарафов, не верувал дека тоа ќе даде резултати [4]. Треба да се истакне дека ова писмо на Главниот штаб до бугарската влада од страна на бугарската историографија се користи за докажуавње на бугарскиот карактер на Илинденското востание и македонското население. Во момент на силно атакување на турската армија против мирното население и востаниците, на Главниот штаб му бил потребен сојузник во борбата против Отоманското Царство, тие се надевале во помошта на Бугарија и отворањето на нов фронт на исток со кои би се олесниле позиците на востаниците во Македонија и во Одринско. Даме Груев, во иститот тој период, во писмото до Хусеин Хилми паша истакнал:
ДемобилизацијаПалежите на селата, апелот на османлиската власт за враќање на неселението по селата, советите на конзулите, гаранаците за амнестија и гласините за реформи придонеле Главниот штаб да почне да размислува за распуштање на востаничките сили. На 2 октомври 1903 година, Главниот штаб над Смилевската корија донел одлука за организирана демобилизација на востаниците. Планот за демобилизација предвидувал, распуштање на востаниците и нивно враќање дома, собирање и складирање на оружјето, засолнување на компромитираните револуционерни раководители и дејци, раководниот кадар на теренот да биде сведен на минимум, а веднаш потоа Борис Сарафов заминал за Софија. Даме Груев започнал со спроведување на планот за демобилизација и успеал да собере околу 350 пушки. Груев на компромитираните востаници им советувал да не се предваат на турската армија туку на дипломатсикте престваници. По објавувањето на демобилизацијата во Битолско останале Даме Груев, Атанас Лозанчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Ѓорѓи Сугарев и други. Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia