Крштение Господово![]() Крштение Господово при Јован Крстител — настан што го означува почетокот на Исусовата јавна проповед. Христијанскиот свет денес го смета крштението Господово за важен настан, врз кој се темели христијанското крштевање. За крштевањето на Исус се зборува во евангелијата според Матеј, Марко и Лука, додека во Евангелие според Јован крштевањето на Исус не е директно опишано. Многумина современи теолози и научници го сметаат за историски настан крштевањето на Исус.[1][1][2][2][3] Јован Крстител вршел обредни капења на реката Јордан и проповедал крштевање заради покајување и простување на гревовите. Според христијанското предание, Исус по крштевањето поминал четириесет дена во пустината, а потоа почнал да проповеда.[4] Христијанска традиција![]() Евангелијата од Новиот завет проповедаат дека Исус кога имал триесет години отишол да се крсти кај Јован Крстител. Според христијанските извори, Јован му рекол на Исус: „Ти треба мене да ме крштеваш, а ти доаѓаш при мене“ (Матеј 3;14), и дека го крстил по инсистирањето на Исус. Според евангелијата, откако Јован го потопил Исуса во реката Јордан и го крстил, од небото врз Исус се слегол Светиот Дух во вид на гулаб и се отворило небото, и Божјиот глас проговорил: Ти си синот мој возљубен. Овој настан се нарекува богојавление. Во Евангелието според Лука Светиот Дух се појавува во форма на гулаб, па од тогаш гулабот е познат симбол во христијанската уметност за Светиот Дух.[5][6] Вообичаената претстава е отворено небо над Исус и гулабот кој слегува врз Исус.[7] Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia