Кузман Сотировски
Кузман Сотировски - Чокалија (за време на српската окупација: Сотировиќ) (Стенче, 16 октомври 1908 - Париз, 25 јуни 1990) — југословенски фудбалер и прв олимпиец од македонска народност.[1] Поради фактот што бил Македонец во Белград, го добил прекарот Чокалија. ЖивотописСотировски е роден во тетовското село Стенче на 16 октомври 1908 година. Тој имал тројца браќа и во 1913 година заминале на печалба во Белград. Таму отвориле фурни и никогаш не се вратиле во селото. Еден од браќата при посета на селото му донел на Кузман топка купена во Букурешт и тоа била прва топка во селото Стенче. Играл фудбал во Белградскиот спортски клуб (БСК), кој четирипати го освојувал првенството на Југославија (1923–[1941]). Бил најдобар стрелец во Првата лига во 1927 година, со седум гола. Според досегашните сознанија, тој е прв спортист од тоа што е денес државата Македонија, што станал репрезентативец на Југославија (1928–1931), за која играл петпати и дал два гола на натпреварот Југославија–Романија 3:1 (3:0) во Белград на 6 мај 1928. Бил прв учесник и на Олимписките игри во Амстердам (1928). По поразот од Португалија со 2:1, Југославија отпаднала од натамошните натпреварувања.[2] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia