Селото се наоѓа во областа Горни Полог, на падините на Сува Гора, во близина на реката Вардар. Селото Стенче се наоѓа меѓу селата Волковија и Теново. Селото е оддалечено 25 километри јужно од Тетово и 14 километри северно од Гостивар.
Историја
Фрагмент од Цветен триод Лазаревац од крајот на 16 и почетокот на 17 век, најден во Стенче
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
Староседелци:Сакаровци (14 к.) живееле во старото село Стенче. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Мојсовци (12 к.) исто живееле во старото село. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство), Тетово (две семејства), Варна (едно семејство), Бугарија (едно семејство) и во Романија (едно семејство); Луканој (2 к.) исто така од старото село.
Доселеници:Топенчоски (12 к.) доселени одамна. Не знаат точно од каде се доселени. Имаат иселеници во Тетово (четири семејства). П. Јовановиќ за нив дознал дека се од гостиварско. Ги викаат и Цигани; Ѓуревци (5 к.) доселени се од селото Матка во Скопски Дервен. Имаат иселеници во Романија (едно семејство); Рупаковци или Маркои (3 к.) имаат исто потекло како и родот Ѓуревци; Којчиновци (4 к.) не знаат точно од каде се доселени. На почетокот од 19ти век Којчиновци биле богати сточари. Имале околу 600 овци. Подоцна стоката исчезнала. Најпознатиот домаќин во овој род се викал Јанкула. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство) и Панчево (едно семејство); Аврамовци (25 к.) потекнуваат од Матка во Скопски Дервен. На почетокот од 19ти век од таму се иселиле тројца браќа. На нив нападнале „Турци“ П.Јовановиќ за нив забележал дека се доселени од селото Глумово во близина на Матка. Браќата се населиле во Стенче и станале чобани во родот Којчиновци. Ја знаат следната генеологија Ѓурчин (жив на 80 г. во 1947 година) Крсте-Здраве-Аврам, еден од браќата кои се доселиле. Аврамовци се намножиле од браќата Аврам и Бошко. Од третиот брат не се сочувале потомци. Имаат иселеници во Скопје (две семејства), Битола (едно семејство), Софија (едно семејство) и во Романија (четири семејства); Гркачовци (1 к.) не знаат точно од каде се доселени. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Мешиновци (9 к.) доселени се од некое село во охридско. П. Јовановиќ за нив слушал дека потекнуваат од крушевско. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство), Скопје (едно семејство) и во Романија (три семејства); Попои (3 к.) потекнуваат од предокот поп Стојко. Тој се доселил од некое село во охридско. Ја знаат следната генеологија Сретко (жив на 56 г. во 1947 година) Васил-Симјан-Стојко, кој се доселил. Овде се доселени поради крвна одмазда. Од родот Стојкои биле познати свештениците Коста и Никола. Имаат иселеници во Зубовце и во Скопје (едно семејство); Аврамовци (13 к.) доселени се од селото Волче во Порече. Аврам основачот на родот е дојден како посинет. Ја знаат следната генеологија Оносим (жив на 70 г. во 1947 година) Гроздан-Неделко-Аврам. Аврам имал четири сина- Димитрија, Павле, Здраве и Неделко. Од овој род има иселеници во Скопје (едно семејство), Бугарија (три семејства), Грција (едно семејство) и во Романија (две семејства); Огњановци (1 к.) потекнуваат од соседното сега уништено село Горно Фалише; Анџаковци (7 к.) потекнуваат од предокот Рафаил. Тој се доселил од селото Галате. Тој имал пет сина- Тимосиј, Стојан, Тофил, Цветан и Русе; Крајчевци (1 к.) не знаат точно од каде се доселени. За нив се вели дека тешко се множат; Младен (1 к.) се доселил Младен кој е жив (во 1947 година). Овде дошол како домазет. А е роден во селото Теново; Раде (1 к.) се доселил Раде од селото Церово. Таму припаѓал на староседелскиот род Ивановци; Меновци (1 к.) се доселил основачот на родот Огњан како домазет од селото Растеш во Порече; Николоски (1 к.) потекнуваат од домазет од селото Блаце. Во Блаце постојат нивни истоимени роднини. Подалечно потекло од селото Пршовце на Шар Планина.[13]
↑Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.122-123.
↑Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.24.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“