Лаврентиј Павлович Берија (грузиски: ლავრენტი პავლეს ძე ბერია; руски: Лаврентий Павлович Берия; 29 март 1899 - 23 декември 1953) —советски политичар од грузиско потекло[1][2], раководител на советската тајна полиција и на безбедносните служби во времето на Сталин. До крајот на Големата чистка тој станал заменик-раководител, а потоа и раководител на НКВД. Претставува еден од одговорните за Големата чистка. Берија бил највлијателен во текот и по Втората светска војна. Веднаш по смртта на Сталин во 1953 година, станал прв заменик премиер. Тогаш тој започнал да спроведува кратка кампања за либерализација. Тој накратко бил дел од владејачката тројка со Георги Маленков и Вјачеслав Молотов. Меѓутоа, во истата година тој бил уапсен и погубен од страна на неговите политички соперници. Во своите мемоари Молотов вели дека Берија тврдел дека го отрул Сталин.
Наводи