Лазо КаровскиЛазо Каровски — (17 февруари 1927 во Кавадарци — 2 февруари 2000 во Скопје) ― македонски поет, литературен историчар и фолклорист[1] ЖивотописЕден од првите македонски поети по ослободувањето, романописец, детски поет, литературен историчар и фолклорист. По завршувањето на гимназијалното образование во родниот град и во Скопје, дипломирал на Катедрата за југословенски литератури и македонски јазик на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што и докторирал со темата „Печалбарството во македонската народна и уметничка литература“[1][2] (Македонски печалбарски песни)[3], во 1973 година. Работел како гимназиски професор во Кавадарци и во Учителската школа во Битола, а потоа предавал на тамошната Педагошка академија. Тој е еден од најпознатите македонски фолклористи, а истовремено е и познат автор и поет.[4] БиблиографијаКаровски пишуваше и за деца и за возрасни. Од неговото творештво за деца се издвојуваат следните збирки поезија:[1]
Во спомен на дванаесетте младинци од Ваташа убиени од Бугарите во Втората светска војна, ја напишал поемата: Крвава Балада (1947).[1] Од неговото творештво за возрасни се издвојуваат следните збирки поезија:[1]
Од неговото прозно творештво се издвојуваат:[1]
Каровски е исто така автор и на романсираните биографии на Климент и Наум Охридски. Добитник е на бројни награди за литературна дејност. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia