Лазо Поплазаров

Лазо Поплазаров — член на Комунистичката партија на Грција (КПГ) од пред Втората светска војна.

Од 1941 година до почетокот на 1943 година бил апсен и затворан од италијанските окупаторски власти. Во летото 1943 година е назначен за командир на една вооружена единица на грчката народноослободителна армија (ЕЛАС), составена претежно од Македонци во Костурско. Член е на Окружното раководство на СНОФ за Костурско од 1943-1944 година. Бил уредник на весникот „Славјано-Македонски Глас“ (1943-1944).

Во 1945 година е инструктор на НОФ (Народноослободителен фронт) во Костурско, Леринско, Гуменџиско и други реони. Во 1947 година станува секретар на Главното раководство на НОФ на Македонците од Егејска Македонија.[1]

Наводи

  1. Егејска Македонија во НОБ - 1949. VI. Скопје: Архив на Македонија. 1983. стр. 481. |access-date= бара |url= (help)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya