Лаоски јазик
Лаоски (самонар. ພາສາລາວ, паса лау) — тонски јазик од групата на крадајски јазици. Ова е службен и национален јазик на Лаос и исто така се зборува во североисточен Тајланд каде се именува како исански јазик[1]. Како мајчин јазик на Лаошаните и службен јазик во државата, тој е и втор јазик на малцинствата во Лаос и Исан. Јазикот, како и сите останати јазици во Лаос, се пишува со азбучнослоговно писмо (абугида). Иако нема службен статус, дијалектот од Виентијан станал де факто стандардна верзија врз која се заснова стандардниот лаоски јазик. ИсторијаЛаоскиот јазик јазик е наследник од групата на тајски јазици кои се зборувале во денешни јужна Кина и северен Виетнам. Таа територија се смета за татковина на сите тајски јазици и место од каде произлегле сите јазици од таа група. Поради нападите од монголците и кинезите и нивното освојување за нови поплодни територии, овие народи почнале да се преселуваат кон југ накај Индија, покрај реката Меконг па сѐ до Индокина. Усните преданија за тајските народи се зачувани во Хун Бором. Тајланѓаните и Лаошаните го потиснале населението што живеело тука, најчесто луѓе од мон-кмерската грпа на јазици и австронезиските јазици. Иако притиснати од посилните Виетнамци и Тајланѓани, Лаошаните го зачувале својот идентитет и култура и ги интегрирале дијалектите во еден самостоен јазик. Дијалекти![]() Лаоскиот јазик има повеќе дијалекти, но сите се многу слични. Исанскиот дијалект исто така може да биде поделен на неколку дијалекти но и тие се многу слични со лаоскиот јазик па така се формира поголемиот дијалектен систем на лаоскиот јазик. Покрај нив ги има и следните дијалекти:
Како додатно на дијалектите на лаоскиот јазик, бројни блиски јазици (или дијалекти во зависност од класификацијата) се зборувани низ лаоските заедници во Лаос и Тајланд. Ова население од лаоската влада е наречено „Лао Лум“ или низински Лаошани. Зборовен фондЛаоскиот јазик содржи најмногу свои изворни зборови. Покрај нив, со воведувањето на будизмот во Лаос, голем број на зборови се приспособиле кон лаоскиот јазик и се употребуваат. Исто така, близината на Камбоџа и историјата на Лаос довеле до воведување на поголем број на зборови од кмерско потекло, а преку кмерскиот јазик и индиски и санскритски зборови. Формалното пишување на јазикот вклучува голем број на странски позајмени зборови, особено од пали, кмерски и санскритски јазик. Така формалниот јазик користи учтиви изрази, користење на заменки и користње на завршните изјави ເດ (dè, deː) or ເດີ (deu, dɤ). Негативните изјави се направени многу поучтиви со додавање на ດອກ (dok, dɔːk). Следното е пример за таквиот процес:
Писмо![]() На своите почетоци на лаоскиот јазик, тој се пишувал со писмото туа там и сѐ уште се користи во будистичките манастири во Лаос и Исан. Моменталната лаоска азбука е создадена од кмерската азбука. Сите тие писма се засноваат на брамиското писмо од Индија. Иако лаоската азбука е слична со тајландската азбука, лаоската азбука е многу поедноставна, има помалку букви и зборовите се пишуваат според фонетичкиот пристап. Согласките имаат тонски класи и бележниците за тоновите го олеснуваат бележењето на тонот каде тоа е неопходно. Романизацијата на лаоскиот јазик не е стандардна но во принцип се заснова на француската транскрипција и метод, а додека во Тајланд се користи тајландскиот метод. Лаоската азбука не се користи во Исан, но кога тој дијалект се пишува се користи тајландската азбука. Броевите можат да се запишат како збор, но симболите за броеви се многу почести. Најмногу се користат арапските броеви, но се користат и лаоските броеви, броеви со потекло од брамиското писмо. ГраматикаПовеќето од лаоските зборови се едносложни, нема деклинација на времиња, што го прави аналитички јазик. Посебни зборчиња се додаваат за да служат како граматички времиња. Исто така лаоскиот јазик има реченички ред од типот подмет-глагол-прирок и подметот често се изостава, слично на македонски јазик. За разлика од тајландскиот јазик, лаоскиот повеќе користи заменки. ИменкиИменките во лаоскиот јазик не се бележат за број, род или деклинација. Именката може да биде еднина или множина. За разлика од македонскиот јазик именките немаат членови. Зборови за мерење или класификација (Lao: ລັກສະນະາມ, IPA: laksaʔnaʔnaːm) се користат за изразување на множина или да се брое објект. Така на пример фразата „две столици“ на лаоски би се кажало како „столици две“ Глаголите за физичка акција лесно се пременуваат во именки со додавање на ການ (kan, gaːn) пред самиот глагол, слично на македонски само што на македонски се додаваат на крај од глаголот. Апстрактвите дејства и придавките користат ຄງາມ (khwam, kʰwaːm).
Заменките често се испуштаат при разговорен лаоски јазик и се често заменети со прекари или имиња, во зависност од односот на говорителот со слушачот. Заменките исто така можат да се сменат во зависност од говорот, од кралски говор до вулгарен. Формалниот јазик користи заменки и формални заменки се користат. Заменките можат да имаат множина со додавање на ພງກ (pʰuak) пред заменката, на пример ພງກຂ້ອຍ (pʰuak khoy) е исто како ເຮົາ (hao) или ພງກເຮົາ (pʰuak hao). Годината и статусот е важен за означување на употребата. Имињата на млади девојчиња и момчиња се формираат со доадавање на претставката ບັກ (bak, bak) и ອີ (i, iː). Постари имиња на машки и женски користат ອ້າຍ (ai, aj) и ແອ້ວ (èw, ɛːw).
Придавки и прилозиНема општа разлика помеѓу придавките и прилозите и зборовите од овие две категории служат како двата вида на зборови и може да модифицираат исти такви зборови. Двојност се користи за да се означи количина. Само еден збор може да се удвои во една реченица. Придавките секогаш доаѓаат после именката што ја определуваат, а додека прилозите доаѓаат пред или после глаголот во зависност од самиот збор. Обично нема сврзен збор за да се сврзе именката и придавката.
Компаративот се формира на следниот начин "A X ກງ່າ B" (kwa, gwaː), A е по- X отколку B. Суперлативот е изразен како "A X ງາມี่ສຸດ (thisut, tʰiːsut), A е нај- X.
Бидејќи придавките и прилозите можат да се употребуваат и како глаголски констрикции, честички што модифицираат глагол исто така се употребуваат.
ГлаголиГлаголите не се деклинирани за глас, број и време. За да се означи времето се користат честички но доста често се користи само глаголот за да се изкаже времето како што е ວັນນີ້ (wan ni, van niː) денес or ມື້ວັນນີ້ (meu wan ni, mɯː van niː) вчера. Негација: [Негацијата се прави со додавање на ບໍ່ (bo, bɔː) пред зборот што се негира.
Идно време: Идното време се означува со додавање на честичката ຈະ (cha, tɕaʔ) или ຊີ (si, siː) пред глаголот.
Минато време: Минатото време се означува со додавање на ໄດ້ (dai, daj) пред глаголот или ແລ້ງ (lèw, lɛːw) после глаголот или со користење на двете заедно за нагласување. ແລ້ງ е најчесто користениот и може да се користи за целосно извршени дејства или сегашни дејства поврзани со минатото. ໄດ້ е често користено со негативна изјава и никогаш не се користи за сегашно дејство.
Сегашно продолжено: ова време се користи за акции што се во тек, ກຳລັງ (kamlang, gamlaŋ) можат да се користат пред глаголот или ຢູ່ (yu, juː) после глаголот. Овие две можат да се користат во комбинација за нагласувањеs. Во исанскиот дијалект, ພງມ (phuam, pʰuam) е често користено наместо ກຳລັງ.
Глаголот „сум“ може да се изкаже на повеќе начини. Како сврзен глагол често се изоставува помеѓу именка и придавка. Така на пример Таа е убава на лаоски е ສາງງາມ (буквално: девојка убава). Има два вида сврзни глаголи во лаоски, еден за работи поврзани со луѓето (ເປົນ, pen, peːn) и еден поврзан со предмети и животни (ແມ່ນ, mèn, mɛːn).
Прашања и одговориЗа разлика од македонскиот јазик каде поставувањето на прашање е следено од растечки тон, лаоскиот јазик користи само прашални зборови. Ова е следено од прашалник што е многу ретко во лаоскиот јазик бидејќи јазикот не користи правописни знаци. Општи да/не прашања завршуваат со ບໍ່ (исто како ບໍ່, 'не').
Други прашални зборови:
Одговорите на прашањата обично вклучуваат повторување на глаголот или било која именка.
Прашања со негативен збор можат да бидат збунувачки и треба да се одбегнат. Одговорот би бил негативен поради природата на прашањето.
ТоновиПовеќето дијалекти на лаоскиот јазик имаат шест тонови, а додека тие во Луанг Прабанг имаат пет. Тие тонови се:
Тивка ຫ (/h/) сместена пред одредена согласка ќе произведе тон од претходната висока класа. Ова се случува пред буквите ງ /ŋ/, ຍ /ɲ/, ຢ /j/, ຣ /l/, и ງ /v/ и со комбинација со специјални лигатури како ຫຼ /l/, ໜ /n/, и ໝ /m/. Како додатно на ອ່ (низок тон) и ອ້ (паѓачки тон), исто така постои и ретката ອ໊ (висок) ອ໋ (растечки) бележник за тон. Правописни знациЛаоскиот јазик не користи празни места помеѓу зборовите, слично како глаголицата. Празните места се користат само да се одделат реченици. Исто така не се користат точки и прашалници зошто прашалното зборче го одредува видот на реченицата. Традиционални правописни знаци се: ໌ кој се користи за тивки согласки, ໆ кој се користи за означување на повторување на следниот збор, ຯ знак што се користи за кратење на зборови или отстранување на зборови, ฯ знак што се користи за кратење на фраза слично на три точки и ฯລฯ знак што се користи како кратенката „итн“. Во скоро време, правописните знаци се позајмени од францускиот јазик, како на пример знаците !, ?, ( ) и «» како знаци за наводници иако се користат и стандардните наводници. Исто така се среќаваат и знаците - и .... Наводи
Литература
Поврзано
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia