Монголци
Монголци (монголски: ДефиницијаМонголскиот народ, грубо може да се подели на две подгрупи: источни и западни Монголци. Во поширока смисла, со поимот монголски народ се означува секое население што зборува еден од монголските јазици. Името Монголци за првпат се појавило во 8 век во записите на Кинезите. На почетокот со тој поим се означувало мало и незначително племе што живеело во регионот околу реката Онон. Во 13 век, со терминот почнало да се означува поголема група на монголски и туркиски племиња обединети и управувани од Џингис Хан.[8] Точното потекло на монголските јазици не е познато. РаспространетостДенес, Монголците живеат во Монголија, Кина, Внатрешна Монголија, Русија и неколку останати азиски земји. Називот на населението и на племињата се различни во зависност од земјите. Тумати, Чахари, Ордоси, Баргути, Бурјати, Дорбеди, Торгуди, Дариганганци, Уземчинци, Бајиди, Хотонци, Мјангадци, Захчинци, Дархади и Ојрати се сите називи за монголски племиња. МонголијаНаселението на Монголија се состои од 92,6 % монголци, поточно 2,7 милиони луѓе. Помеѓу нив, Халха, Уријанхај и Бурјатите се бројат како источни Монголци. Ојратите се вбројуваат во западни Монголци. Кина![]() Кинескиот попис од 2000 година покажа дека во НР Кина живеат 5,8 милиони Монголци. Најмногу од нов живеат во Внатрешна Монголија, потоа во покраината Љаонинг. Мали монголски заедници можат да се пронајдат и во покраините што се граничат со овие две. РусијаВо Русија, Бурјатите се сметаат за дел на Монголците. Западните Монголци како што се Ојратите живеат во Калмикија и сочинуваат 53.3 % од населението.[9]. Алтајскиот народ се етнички Монголци, но зборуваат туркиски јазик. Тие бројат милион луѓе. Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia