Левко Стојаноски
Левко Ванчов Стојаноски ( 1920 во Попоец — 1 октомври 1943 во Буковиќ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] ![]() ![]() ЖивотописПотекнувал од селско сиромашно семејство кое се занимавало со земјоделие. Не можејќи да ја поднесе окупаторската власт, се определил за борба против фашистичкиот окупатор. Како младинец, преку воспитните групи од селото станал член на СКОЈ. Активно го помагал народно ослободителното движење во текот на 1942 година, а во летото 1943 година, тој станал партизан во Кичевско-мавровскиот партизански одред. Во септември 1943 година, од слободно Кичево, заедно со комесарот Мирко Милески, заминал да ја брани слободната територија на Буковиќ каде загинал во борбата против Германците и балистите на 1 октомври 1943 година.[1] ПоврзаноНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia