Лејла Рос-ШиерЛејла Елберта Рос-Шиер (родена во Мектагарт, 16 ноември 1886 - 26 септември 1968 година) — музичарка, наставничка и композиторка од Кајманските Острови. Рос-Шиер ја напишала државната химна на Кајманските Острови, „Возљубен остров Кајман“. БиографијаЛејла Рос-Шиер била родена на 16 ноември 1886 година во Голем Кајман.[1] Работела како наставничка, библиотекарка и била официјална матичарка на родени и починати.[2] Таа ги охрабрувала сите средношколци да читаат, без разлика на бојата на нивната кожа, и покрај нормата на сегрегација во тоа време.[2] Рос-Шиер ја напишала химната „Возљубен остров Кајман“ во 1930 година.[3] Пишувала и химни и балади, а исто така организирала и концерти, а била и црковна органистка. Рос-Шиер била една од потписниците на петицијата што довела до доделување право на глас на жените на Кајманските Острови во 1959 година. Рос-Шиер починала на 26 септември 1968 година во Голем Кајман.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia