Кајмански Острови
Кајмански Острови (англиски: Cayman Islands) — британска прекуморска територија во западниот дел на Карипското Море. Територијата се состои од три острови: Голем Кајман, Кајман Брак и Мал Кајман, кои се наоѓаат јужно од Куба и северозападно од Јамајка. Географски, островите се сметаат за дел од Западната Карипска Зона и групата Големи Антили. Територијата е една од поважните прекуморски даночни раеви во светот.[3] ИсторијаКајманските Острови прв ги забележал Кристофер Колумбо на 10 мај 1503 за време на четвртото (последно) патување во Новиот Свет. Островите ги нарекол Лас Тортугас поради големиот број на морски желки што ги забележал таму. Првиот Англичанец што го посетил островот бил Френсис Дрејк во 1586. Подоцна тој им го дал името „Кајман“ по новотаинскиот збор за алигаторите кајмани. Островите останале ненаселени сè до XVII век. На нив никогаш немало домородно население, а првите доселеници биле пирати, бегалци од Шпанската инквизиција, морнари што доживеале бродолом и дезертери од војската на Оливер Кромвел во Јамајка. ![]() Првиот постојан жител е Ајзак Боден, роден на Голем Кајман околу 1661. Бил внук на војник од Кромвеловата војска кој учествувал во заземањето на Јамајка во 1655. Согласно одредбите на Мадридскиот мировен договор од 1670, Англија формално завладеала со Кајманските Острови заедно со Јамајка. По неколку неуспешни обиди за нивно населување, првите постојани доселеници од Англија се населиле во 1730-тите. Во 1734, гувернерот на Јамајка прогласил дека на островите им требаат робови.[4] Голем дел од робовите биле донесени од Африка, па така денес мнозинство од населението е од африканско и англиско потекло. На првиот попис извршен во 1802, Голем Кајман имал население од 933 жители, од кои 545 биле робови. Ропството било укинато во 1834, кога 116 семејства поседувале 950 робови. Островите биле во составен дел од колонијата Јамајка сè до 1962, кога тие се здобиле со статус на посебна крунска колонија, а Јамајка станала независна земја. Островот Голем Кајман, кој е претежно изложен на морско ниво, бил погоден од ураганот Иван на 11–12 септември 2004. Ова е еден од потешките катастрофи во историјата на островот. Бурниот наплив поплавил многу делови од островот и оштетил 83% од домовите, од кои 4% морале да се преградат одново. Настрадал и голем дел од инфраструктурата.[5] Географија![]() Кајманските Острови се сместени во западниот дел на Карипското Море и претставуваат врвови на голем подводен срт, наречен Кајмански Срт. Сртот ја окружува Кајманската Бразда, длабока 6.000 м [6] која се наоѓа 6 км јужно.[7] Соседни земји се Куба на север и Јамајка на исток. Најблиското континентално копно е Мајами (САД), оддалечено 700 км на југ.[8] Куба е оддалечена 366 км на север,[9] додека Јамајка е оддалечена 500 км на југоисток.[10] Голем Кајман е во голема мера најголем од островите, со површина од 197 км2.[11] Островите Кајман Брак и Мал Кајман се наоѓаат околу 120 км источно и североисточно од Голем Кајман и зафаќаат површина од 38 и 28,5 км2[12]. ![]() Теренот е претежно низок и варовнички, окружен со корални гребени. ФаунаНа островите живеат десет вида на цицачи. Во авифауната има два ендемски подвида на папагали-амазонци: Amazona leucocephala hesterna (кајманбрачки папагал), автохтон само на Кајман Брак, и големокајманскиот папагал (Amazona leucocephala caymanensis), автохтон на Кајманските Острови, шумовитите делови на Куба и островот Хувентуд. Други позначајни членови на фауната се загрозената сина игуана, која е ендемска на Голем Кајман,[13] средноамериканското агути (Dasyprocta punctata), и лакомците (Sula) на Кајман Брак.[14] Клима![]() Островите се одликуваат со тропска приморска клима со дождовна сезона со топли дождливи лета (мај-октомрви) и сува сезона со релативно свежи зими (ноември-април). Главна природна опасност на островите се тропските циклони кои се создаваат во атлантската ураганска сезона од јуни до ноември. На 11 и 12 септември 2004, ураганот Иван ги подогил Кајманските Острови, кој однел две жртви и причинил огромна штета врз инфраструктурата на островите. Вкупната штета на стопанството била проценета на $3,4 милијарди.[15] ДемографијаКајманските Острови имаат повеќе правни отколку физички лица.[16] Во средината на 2001 г, островите имале 56.000 жители. Населението е мешавина од преку 100 народности. Од нив половината се од кајманско потекло. Околу 60% од населението е од мешани раси, т.е. афроевропско. Речиси сите жители се христијани, со голем број на презвитеријанци и католици. Во огромна мера најнаселен е островот Голем Кајман, по што следат Кајман Брак и Мал Кајман.[17] Се смета дека до 2020 г. бројот на жителите ќе се зголеми на 60.000. Главен град е Џорџ Таун, сместен на југозападниот брег на Голем Кајман. Население![]() Според пописот од 2010, постојаното население брои 54.878 жители,[18] и тоа по следниве места:
Религија
СтопанствоСо просечни примања од KYD$47.000, Кајманците имаат највисок животен стандард на Карибите. Според Светската книга на факти, островите имаат 14-ти највисок БДП во светот.[19] Островите имаат своја валута, наречена кајмански долар (KYD), која е вредносно врзана за американскиот по курс 1 KYD = 1,25 USD.[20] Владата ги добива средствата претежно од посредно оданочување: не постои данок на приходи, данок на капитална добивка или пак фирмарина. Постојат само царински давачки за увозна стока по стапка од 5% до 22% (29,5%-100% за автомобили). Олеснети од данок се книгите, фотоапаратите, камерите и бебешката храна. ТуризамЕдна од поголемите атракции на Голем Кајман е плажата „Севн Мајл Бич“ („плажа од седум милји“), каде се сместени разни хотели и одморалишта. Посетители привлекува замокот Педро Сент Џејмс во Савана, кој е од историско значење за Кајманските Острови.[21] Туристите ги посетуваат и Мал Кајман[22] и Кајман Брак.[23] Сите три острови нудат нуркање со раи и разгледување на потонати бродови. Во водите околу Кајман Брак има два потонати брода, вклучувајќи го попознатиот брод „Кит Тибетс“. Подрачјето околу Голем Кајман исто така има неколку потонати бродови. Други туристички атракции на Голем Кајман е плажата Хел („пекол“) со железен песок, поморскиот тематски парк „Боутсвејнс Бич“ со 9,3 ха и планинарење по шумите со видич[24] Финансиски услугиКајманските Острови се важен финансиски центар во светот. Најголеми сектори се банкарството, вложувањето во хеџ-фондови, структурирано финансирање и хартии од вредност, едносубјектно осигурување (кептив) и општи деловни активности.[25] Финансовите услуги ги регулира и надгледува Монетарната управа на Кајманските Острови (CIMA). Осторвите држат петто место во светот по обем на банкарските активности,[26] со банкарски средства во вредност од $1,5 трилиони.[25] На островите постојат 279 банки[27]. Во 2007 г, финансиските услуги придонеле со CI$1,2 милијарди во БДП (55% од сето стопанство), 36% од работните места и 40% од целокупниот приход на владата. Кајманските Острови имаат филијали на 40 од 50-те најголеми банки во светот. Работна силаБидејќи имаат мало население, Кајманските Острови мораат да увезуваат работници од странство, кои мораат да имаат дозвола за работа. Ваква дозвола имаат просечно 21.000 лица во даден момент.[28] ![]() УправаКајманските Острови се британска прекуморска територија без независност и суверенитет. Секои четири години народот изгласува Законодавен совет со 15 члена, кој се занимава со внатрешните работи на островите. Од нив петмина се избираат за членови на кабинетот, на чие чело стои гувернерот. Премиерот го назначува гувернерот.[29] Гувернерот го назначува Кралот на Обединетото Кралство по предлог на британската влада и тој го претставува монархот.[30] Доколку смета дека е потребно, гувернерот може да има целосна законодавна и извршна власт согласно надлежностите пропишани во уставот.[31] Предлог-законите што ќе поминат во законодавното собрание треба да добијат кралска согласност пред да можат да се спроведат. Гувернерот има свој заменик, кој мора да биде Кајманец и да има служено на висока функција. Тој ја врши должноста на гувернер кога гувернерската функција е непополнета, кога гувернерот не е во можност да ги извршува должностите или кога е отсутен.[32] Моментален гувернер е Данкан Тејлор, а негов заменик е Франц Мандерсон. Одбраната на островите е во надлежност на Обединетото Кралство. Кајманските Острови имаат своја полиција и воени питомци со свои единици. Постојат две главни политички партии: Обединета демократска партија (UDP) и Народно прогресивно движење (PPM). И покрај постоењето на партиите, многу претенденти за јавни функции се кандидираат како независни. Инфраструктура![]() Островите имаат две пристаништа: Кајман Брак и Џорџ Таун. Сите три острови имаат по еден аеродром. Најголем е меѓународниот аеродром „Овен Робертс“ на Голем Кајман. Кајман Брак го опслужува меѓународниот аеродром „Џерард Смит“, а Мал Кајман има слетувалиште по име „Едвард Боден“. ОбразованиеНа Кајманските Острови има бесплатно основно и средно образование, од кои некои училишта се државни, а некои се приватни, под покровителство на црковни организации. Високото образование е застапено со Универзитетскиот колеџ на Кајманските Острови, кој е државен и има кампуси на Голем Кајман и Кајман Брак.[33] Приватни високообраозовни установи се Меѓународниот колеџ на Кајманските Острови (на Голем Кајман) и универзитетот „Сент Метјус“ каде се изучува медицина и ветерина (исто така на Голем Кајман).[34] На Голем Кајман постои и Правен факултет (Law School), кој е огранок на Ливерпулскиот универзитет.[35] Покрај овие установи, владата има и свој колеџ за јавни службеници и администрација, но нуди и континуирано образование од разни други области. Колеџот служи и како истражна установа на владата. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia