Ливади (Лариско)
Ливади или Влахоливада (грчки: Λιβάδι; влашки: Livadi) — село во Лариско, Тесалија, во општината Еласона од Ларискиот округ, Грција. Населението брои 2.244 жители (2011), сочинето од Власи.[2] Географија и местоположбаСелото се наоѓа високо во пазувите на планината Шапка, дел од поголемиот венец Камбуница, на надморска височина од 1.160 м. Сместено е во непосредна близина на границата со Егејска Македонија, јужно од селото Фтери и југозападно од Свети Димитрија, обете во Катеринско. Атарот зафаќа простор од 140,9 км2.[3] ИсторијаВо отомански пописен дефтер од 1521 година, селото се споменува како Ливади.[4] Денешното село било основано во XVII век од влашки сточари.[2] Во XIX век Ливада бил влашки град во Еласонската каза на Серфиџенскиот Санџак. Жителите на селото земале активно учество во поддршката на грчката вооружена пропаганда во Македонија (1904 - 1908).[5] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ливадија се води како чисто влашко гратче во Еласонската каза на Серфиџенскиот санџак со 543 куќи.[6] По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 2.723 жители.[7] Нивниот број во 1920 г. се намалил на 2.383.[8] СтопанствоНаселението традиционално се занмиава со сточарството.[2] Самоуправа и политикаОпштината Ливади била приклучена во 2011 година и станала дел од поголемата општина Еласона. Селото припаѓа на општинската единица Ливади со седиште во селото, која припаѓа на поголемата општина Еласона, во округот Лариса. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ливади, во кој е единствено село. Културни и природни знаменитости![]() Цркви
Манастири
ЛичностиРодени во Ливади
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia