Епархијата за првпат се спомнува на мермерен натпис од V век како Кесариска епископија на чело со Македониј, под јурисдикцијата на Лариската митрополија: „...προεδρίαν έλαχεν τη Εκκλησία Καισάρων πόλεως Μακεδόνιος έστιν ούτος ανήρ τα παντ’ εύφημος ος Επισκοπήσας έτη εν μήνα ένα του τήδε βίου εκδημήσας μηνί Ιανουαρίω ΚΓ′ Ινδικτιώνος ΙΑ′ προς Θεόν ενεδήμησεν...“.[1] Се смета дека епископијата е основана во IV век, кога престануваат прогонствата на христијаните. Од ΙΧ век нејзиното седиште е преместено во Србица — Србичката епископија за првпат се споменува во Notitia Episcopatuum, припишана на царот Лав VI Мудриот. Во 1745 г. седиштето е преместено во Кожани и името е сменето во Серфиџанско-кожанска, под јурисдикција на Солунската митрополија. На 10 јуни 1882 г. епископијата е издигната во митрополија, потчинета на Вселенската патријаршија.
Јерарси
Ова се различните јерарси на епископијата со текот на времето:[2]