Ли Хауард
Ли Хауард (англиски: Leigh Howard; р. 18 октомври 1989) — австралиски професионален велосипедист. Се квалификуван за Летните олимписки игри 2020 во дисциплините медисон и екипна потера. Хауард бил дел од екипната потера заедно со Келанд О’Брајен, Сем Велсфорд и Александер Портер. Тие обезбедиле бронзен медал откако Нов Зеланд доживеал пад. Хауард исто така настапил во медисон, каде екипата завршила петта со време 3:48.448 и со тоа не се квалификувала за финале.[1] ЖивотописРоден во Гилонг, Викторија, Хауард сега престојува во Ворн Пондс.[2] Со велосипедизам започнал на 10 години, а првпат ја претставувал Австралија на 16 години.[2] Тој е носител на стипендија од Австралискиот институт за спорт. Хауард го освоил бронзениот медал во дисциплината омниум на Светските велодромски првенства UCI 2008. Освоил неколку медали во второто и четвртото коло на Светскиот велодромски куп UCI 2008–2009. Во 2009, повторно освоил медал во омниум на Светските првенства, овој пат златен, како и сребрен во медисон и екипна потера.[2] Исто така, Хауард имал успех во друмскиот велосипедизам во 2009, победувајќи на првата и третата етапа на Трката околу Јапонија. На првата професионална трка со екипата ХТЦ Колумбија, Хауард ја освоил четвртата етапа на Трката околу Оман. Импресивно, на етапата Хауард завршил пред Даниеле Бенати, Том Бонен и Тајлер Фарар. Хауард завршил за автомобилски електричар,[2] но нема да има потреба да се занимава со таа професија, бидејќи станал професионалец во 2010 со Тим ХТЦ-Колумбија.[3] По две години со екипата, Хауард се префрлил во ГринЕЏ за сезоната 2012.[4] Во ноември 2015 година, екипата ИАМ Сајклинг објавила дека Хауард ќе им се приклучи за сезоната 2016 со улога како дел од спринтерскиот воз за Матео Пелуки.[5] Хауард последно возел за континенталната екипа {{{име на тимот-2019}}}.[6] Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia