Ловечки чај
Ловечки чај (германски: Jägertee) — алкохолен пунч направен со мешање на „Инлендер рум“ и зачинет со црн чај.[1] Се служи топол и обично се пие во текот на зимата во студените делови на Централна Европа.[2] Иако ловечкиот чај лесно се прави дома, во продавниците се продаваат готови мешавини кои веќе содржат зачини и шеќер. За неговото правење често се користи австрискиот рум Строх; овој бренд произведува и своја готова сорта. Овој чај станал популарен пијалак кој се пие на скијалишта,[2] особено меѓу туристите на Алпите. Тој се продава во колички надвор во ски-центрите и зимските фестивали. ЕтимологијаИмето е изведено од австро-баварскиот изговор на стандардниот германски Jäger „ловец“ + Tee „чај“. Според Регулативата на ЕЗ 110/2008, Анекс III, бр. 32, тоа е заштитена ознака на потекло за пијалакот направен во Австрија.[3] Затоа, сортите направени во Германија се продаваат под други имиња. Се продавал и под името Грог во Чешка и Словачка. Некои селски места служат и „Ловокрадски чај“, што е уште посилен. Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia