Локална анестезијаЛокална анестезија е било која техника која се користи за да предизвика отсуство на осет на одреден дел од телото,[1] најчесто за да се поттикне локална аналгезија, односно локална нечувствителност на болка, иако можат да бидат зафатени и други локални сетила. Тоа им овозможува на пациентите да бидат подложени на хируршки и стоматолошки зафати без да чувствуваат болка и да бидат вознемирени. Во многу ситуации, како што е царски рез, овој начин е побезбеден за разлика од општата анестезија. Исто така се користи против болка којашто не е предизвикана од хируршки зафат и за да се овозможи дијагностицирање на некои хронични заболувања. Анестезиолозите понекогаш користат техники на комбинирање на општа и локална анестезија. Следниве поими често се користат наизменично:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia