Мадагаскарски пигмејски нилски коњ
Мадагаскарскиот пигмејски нилски коњ (Choeropsis madagascariensis) е вид кој првично бил ставен во родот hippopotamus заедно со H. lemerlei, со кои имаат слична големина. После дополнителни истражување на морфологијата и на живеалиштето, докажано е дека овој вид е поблизок до пигмејскиот нилски коњ (Choeropsis liberiensis). Како и денешниот пигмејски нилски коњ, и овој вид слична поставеност на очите и слични заби. Се смета дека не поминувал премногу време во вода (како обичниот нилски коњ) поради многубројните фосили најдени длабоко во шумите на Мадагаскар[1]. Еволуција и класификацијаФосили на двата вида на нилски коњи кои живееле на Мадагаскар покажуваат дека тие биле адаптирани за трчање низ шумите, што е адаптација поразлична од нилските коњи на африканскиот континент. Поради овие сличности се смета дека и двата вида потекнуваат од ист предок, а сличноста со денешните обични и пегмејски нилски коњ е резултат на паралелна еволуција [2]. Во 1849 година Мортон ги класифицирал овие животни во родот Choeropsis заедно со пигмејскиот нилски коњ, потоа во 1977 биле преместени во родот Hexaprotodon[3] заедно со фосилните видови од Азија. После дополнителните истражувања е откриена е разлика помеѓу пигмејските и азиските нилски коњи, поради што првите се повторно префрлени во родот Choeropsis [4]. Овие нилски коњи живееле во шумите на островот Мадагаскар, но сѐ уште е непознато до кога биле присутни на островот. Најновите истражувања со јаглерод покажуваат дека фосилите датираат од 1000тата година од новата ера[5]. Макфи и Флеминг во 1999 базирајќи се на усни преданија, предлагаат дека и можно нилски коњи да биле присутни и многу подоцна. Можни причини за истребувањеОстровските нилски коњи се смета дека биле лесен плен на човекот, што може да довело до нивно истребување. Мекфи и Барни во 1991 откриле докази за огромни гробници на нилски коњи во југозападен Мадагаскар кои датираат од првиот век од новата ера. Одтука се претпоставува дека на островот, човекот и нилските коњи живееле заедно најмалку 1000 години. Колку големо влијание имал човекот врз изумирањето на овие животни сѐ уште не е со сигурност утврдено. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia