Македонците во Тетово од ала турка до ала франга
Македонците во Тетово од ала турка до ала франга со поднаслов „Општествено-политичкиот живот и културата на живеењето во првата половина на 20 век“ е книга од авторот Бранислав Светозаревиќ од 2015 година, во издание на Академски печат Скопје.[1] Во книгата се содржани шест глави, предговор, прилози, библиографија, именик на лични имиња и именик на прекари. СодржинаКнигата е поделена на следниве поглавја:
Книгата изобилува со архивски фотографии. Како извори за овој труд се користени необјавени документи од преку 90 архивски фондови, објавени документи од преку 60 изданија на збирки на документи, 330 објавени трудови (книги, зборници, студии, периодика, елаборати и друго) од областа на историјата, социологијата, етнологијата со етнографијата, ономастиката со топонимијата и дијалектологијата, архитектурата, културата, антропогеографијата, географијата, антропологијата и други области, преку 100 новинарски статии и весници, околу 40 информатори, современици и учесници на настани, и 13 приватни зборки на фотографии, разгледници и други картофилски материјал. Сите овие извори поединечно се содржани во делот од книгата под наслов: Библиографија. НаводиНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia