Бранислав Светозаревиќ
Бранислав Светозаревиќ Покорни (роден 1966 во Скопје) е историчар, архивист и директор на Музејот на македонската борба во периодот од 2010 до 2018 година. ОбразованиеБранислав Светозаревиќ завршил основното образование и гимназија во Тетово. Во 1994 година дипломира на Филозофскиот факултет, Институт за историја при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2007 година магистрира на темата „Историските и архивистичките аспекти на архивскиот фонд Виктор Аќимовиќ“, како студент на првата генерација постдипломци на насоката Историја со архивистика. Во 2013 година на универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, се стекна со звање доктор на историски науки, со одбрана на докторската теза под наслов „Општествено-политичкиот живот и културата на жевеење на Македонците во Тетово во првата половина на 20 век“. Во 2015 година се стекнува со звање Доцент доктор по историски науки, при Институтот за национална историја во Скопје. КариераСвојата кариера Бранислав Светозаревиќ ја започнува во 1992 година, во Државниот архив на Р Македонија, Одделение Тетово, каде поминал низ неколку работни позиции и сектори, меѓу кои и заменик раководител на Сектор за заштита на архивската граѓа во депоата, во централниот Државен архив во Скопје. Во 2010 година назначен е за в.д. директор на националната установа во изградба Музејот на македонската борба за државност и самостојност, а во следната година е назначен за прв директор на оваа установа.[1] На оваа функција останал до 2018 година. Научно-истражувачка дејностВо својата две децениска научно-истражувачка и публицистичка дејност, Бранислав Светозаревиќ има објавено околу 20 рецензирани трудови, автор е на 22 фотографски, картофилски и филателистички изложби, поврзани со историјата, културата и спортот, објавувал статии на научни теми, учествувал со предавања и теми на бројни симпозиуми, конгреси и семинари, како и стручен соработник и рецензент на трудови. Бранислав Светозаревиќ е автор на неколку радио и телевизиски емисии. Објавени делаСписок на објавени дела на Бранислав Светозаревиќ:
Самостојни изложбиБранислав Светозаревиќ е автор на 22 фотографски, картофилски и филателистички изложби, поврзани со историјата, културата и спортот, меѓу кои се:
Награди и признанијаЗа придонесот во историската и архивистичката наука, Бранислав Светозаревиќ е добитник на следниве награди и признанија:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia