Макрина Постарата
Макрина Постарата (грчки: Μακρίνα; пред 270 – ок. 340) — христијанска светица, мајка на Василиј Постариот и баба на истакнатите ранохристијански дејци Василиј Велики, Григориј Богослов, Петар Севастиски и Макрина Помладата.[1] Во православието се чествува на 30 мај по стар стил или 12 јуни по нов). Во католицизмот се чествува на 14 јануари. ЖитиеВо делата на Василиј се вели дека Макрина била ученичка на Григориј Чудотворец, и дека таа е одговорна за пренесувањето на неговите учења на внуците Василиј и Григориј.[2] Живеела во Неокесарија во Понт. Според Григориј Богослов, за време на прогонувањето на христијаните од царевите Галериј и Диоклецијан, Макрина со сопругот пребегале на брегот на Црното Море.[2] Според преданието, тие се населиле во густа шума и таму поминале седум години, хранејќи се од козите кои се спуштале од планината за да ги хранат со млеко.[3] Кога прогонувањата престанале, таа со семејството се вратила во родната Неокесарија.[4] Бидејќи мажот ѝ починал и останла вдовица, таа се смета за покровител на вдовиците. Во нејзина надлежност се и сиромашните. Се смета дека починала на почетокот на 340-тите.[5] ТропарЗа св. Макрина се пее овој тропар:[3]
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia