Неокесарија
Неокесарија (грчки: Νεοκαισάρεια) — село во Општина Катерина во округот Пиерија, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 8 километри северно од градот Катерина и на 17 километри јужно од центарот на општината, Елафина. Селото се наоѓа на надморска височина од 133 метри[2]. ДемографијаПо сè изгледа дека населбата е подигната од грчки доселеници во 1923 г., но нејзините жители биле вбројувани кон соседното село Кололури.[3] Селото како одделно за првпат на пописите се споменува во 1940 година кога бројот на жители изнесувал 569. На пописот од 1951 година во селото биле евидентирани 859 жители, во 1961 година во селото живееле 790 жители, во 1971 година имало 480 жители, во 1981 - 527 жители, и во 1991 година - 465 жители[3]. Денеска, населението на селото е 445 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia