Малави (езеро)
Езерото Малави или Езеро Њаса е најјужно од сите Големи Африкчки Езера. Езерото е долго 560 до 580 км, има максимална ширина од 75 километри и површина од околу 29,600 км2. Езерото Малави е трето езеро поголемина во Африка и деветто во светот. Главен одлив на езерото е реката Шире која се влева во реката Замбези, а најголема притока на реката Шири е реката Рухуху ![]() Земји кои се наоѓаат на бреговите на ова езеро се: Малави, Танзанија и Мозамбик. На островот се наоѓаат и два населени острови, Ликома и Чизумулу, кои припаѓаат на Малави ама се опкружени со територијалните води на Мозамбик. Водите на езерото се дом за најголемиот број езерски видови на риби во светот. Езерото е познато по циклидите. Националниот парк Езеро Малави од 1984 година е под заштита на УНЕСКО.[3] Прв Европеец кој го открил езерото бил Дејвид Ливингстон во 1859 година. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia