Мало белогушесто грмушарче
Малото белогушесто грмушарче (науч. Sylvia curruca) е вообичаена и широко распространета мала врапчевидна птица, која се размножува низ умерена Европа, освен на југозапад, и во Јужна и Средна Азија. Ја има и во Македонија. Таа е птица преселница која зимува во Африка јужно од Сахара, во Арабија и Индија. Таксономија и систематизација![]() ![]() Видот за првпат е опишан од Карл Лине, 1758 во неговата Systema Naturae. Само два подвида се издвојуваат од оваа птица и тие се мешаат и интегрираат во Средна Европа:
Уште два таксона има во зоната на интеграција, распространети од северниот дел на Касписко Море до Монголија.[2] Филогенијата на овие два таксона не е доволно проучена и тие можеби ќе се префрлат во некој друг вид или ќе се сметаат само за хибриди:
![]() ОписКај малото белогушесто грмушарче половите не се разликуваат. Ова е мала птица, долга 11.5-13.5 см и тешка 12-16 грама. Горната страна од телото ѝ е кафеавосива, а долната белкава. Главата е темносива, со потемносиво преку очите, а грлото е бело. Малку е помала од обичното грмушарче и ја нема костенливата нијанса на крилјата. ПоведениеЖивеалиштето на малото белогушесто грмушарче се отворените предели со грмушки, рабовите од шумите или ретките шуми со густи грмушки. Се храни со инсекти, но и со бобинки и меко овошје. Првите денови по пристигнувањето од преселбата, мажјаците почнуваат да пеат и градат неколку недовршени гнезда. Кога ќе се формира парот, едно од гнездата го завршуваат заедно. Тоа се наоѓа ниско во грмушките на 0.2-1.5 метри, а понекогаш, но поретко, и на висина 6-8 метри. Несат 3-7, најчесто 5 јајца, белкави со сивокафеави дамки. Пилињата го напуштаат гнездото на возраст од 11 до 13 дена, но уште не можат да летаат. Возрасните ги хранат до возраст од 3-4 недели. Пеењето на малото белогушесто грмушарче е брза, растреперена секвенца од тит или чи повици. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia