Мал орел
Малиот орел (науч. Aquila pennata) е средно голема граблива птица. Го има во Македонија. Распространетост![]() ![]() ![]() Малиот орел се размножува во јужна Европа, северна Африка и Азија, а зимува во потсахарна Африка и јужна Азија. Опис
Има светла и темна фаза на перјето. Во светлата фаза, долното перје му е бело со темни пердуви за летање, а во темната фаза целото е кафено. Во двете фази горните пердуви му се кафени, со посветли нијанси во задниот дел на покривните пердуви. Звукот кој го испушта птицата е врескаво кли-клии-кли. ИсхранаКако и другите орли и малиот орел лови мали цицачи, влекачи (гуштери) и птици петпати поголеми од него. РазмножувањеПарот секогаш има повеќе гнезда на својата територија, а секоја година обновува некое од нив. Се наоѓа во високи карпи или во некое погодно дрво. Обично несат 2 јајца, а лежењето трае 37 дена. Малечките го напуштаат гнездото 53 дена по испилувањето. Наводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia