Манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ - Дреново (Населичко)
Рождество на Пресвета Богородица (грчки: Μονή Γέννησης της Θεοτόκου) — женски манастир во селото Дреново, Населичко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија.[1] Манастирската црква е еднокорабна градба. Нема точен податок за основањето на манастирот, но се смета дека тоа било некаде во XIII век и дека манастирот тогаш бил машки. Затворен е во 1835 г. и негов последен игумен бил Дионисиј од Сачишта. Останала стамо црквата, во чиј жртвеник има вредни византиски фрески. Околу 1960 г. црквата се урнала поради запоставување и неодржување. На нејзино место во 1969 г. е изграден нов храм. Во 1990 г. манастирот е обновен од митрополитот Антониј Шишанско-сачишки, а во 1993 г. е прогласен за женски.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia