Манастир „Христос Седржител“ - Балџа (Солунско)
Христос Седржител (грчки: Ιερά Μονή Παντοκράτορος) — машки манастир кај селото Балџа, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Манастирот се наоѓа на рид меѓу селата Балџа и Ајватово. Основан е во 1985, а почнал да работи во 1990 г. со завршувањето на манастирската црква и конаците. Во 1992 г. се завршени двата големи параклиси „Св. Архангели“ и „Рафаил, Никола и Ирина“. Во манастирот се чува парче дрво за кое се смета дека е дел од Чесниот Крст на кој бил распнат Исус. Се чуваат и мошти на Свети Јован Претеча, Арсениј Пароски, Светите пет маченици, Апостол Филип, првомачениот Стефан, Лазар, пријателот Исусов, Рафаил, Никола и Ирина, Харалампиј, Константин и Елена, Ѓорѓи Победоносец, Пантелејмон, Петка, Јован Златоуст, Григорих Богослов.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia