Маргерита
Маргерита (италијански: Margherita), често погрешно напишана како „маргарита“ — типична неаполска пица направена од посебен вид домати „сан марцано“, моцарела, свеж босилек, сол и екстра девствено маслиново масло. Потекло и повест![]() Во јуни 1889 година, шефот на пицеријата и пица-мајстор Рафаеле Еспозито смислил јадење наречено „пица маргерита“ во чест на тогашната италијанска кралица Маргерита Савојска, како и во чест на обединувањето на Италија, па затоа состојките се во боите на италијанското знаме - босилек (зелена), моцарела (бела) и доматно пире (црвена). [1] Маргерита потекнува од мешањето на слични состојки кои веќе биле присутни во Неапол помеѓу 1796 и 1810 година.[2] Во 1849 година, Емануеле Роко забележал различни состојки за пица, вклучувајќи босилек, домат и тенки парчиња моцарела.[3] ПоврзаноНаводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia