Маринер 2
![]() ![]() Маринер 2 – американско вселенско летало од серијата Маринер дизајнирано за проучување на Меркур, Венера и Марс. Маринер 2 кој претставувал упростена верзија на „Ренџер“, како и Маринер 1, прв успешно стигнал до Венера. Леталото требало да биде лансирано со ракета Атлас-Кентаур, но истата не била спремна, па затоа се употребил стариот модел на Атлас-Агена. Лансиран е на 27 август 1962 година, во орбитата на Венера се нашол на 14 декември, а неговата минимална оддалеченост од планетата била 34.773 километри[1]. Маринер 2 имал хексагонален облик, со пречник од само еден метар во главниот дел. Оттаму се одвојувале сончевите плочи и останатите инструменти и антени за комуникација. Леталото било опремено со два радиометра (за инфрацрвениот и микробрановиот дел од спектарот), сетилник за микрометеорите, сетилник за сончева плазма и магнетометар. Овие инструменти биле наменети за што подобро да се истражи атмосферата на Венера и нејзиниот состав. На патот до Венера, Маринер 2 го мерел сончевиот ветар и наелектризираните честички во него. Со тоа ги потврдил истражувањата на советското летало Луна 1 од 1959 година. Исто така ја мерел прашината во меѓупланетарниот простор. Кога на 14 септември стигнал до Венера, леталото ја скенирало планетата со радиометрите, а добиените податоци укажувале дека таа е прекриена со ладни облаци, а дека површината ѝ е многу жешка. ИнструментиСамо 18 килограми од вкупната маса на Маринер 2 била дозволени за инструментите за научни истражувања[2]. Користени биле следниве инструменти:
МисијаМисијата на Маринер 2 имала повеќе цели[3][4]:
РезултатиРадиометарот на Маринер 2 на 14 декември 1962 година скенирал делови од Венера во микробрановиот дел на спектарот. Со снимањето се почнало во 18:59 UTC и тоа не траело повеќе од 35 минути. Биле скенирани три дела:
Добиените вредности за температура на темната страна (ноќ на Венера) биле 490 ± 11 K, додека за светлата страна (ден на Венера) резултатите биле 511 ± 14 K, а за терминаторот 595 ± 12 K. Откриено е дека планетата поседува многу дебела атмосфера која на планетата ѝ прави ефект на стаклена градина и не ѝ дозволува на топлината да ја напушти површината. Затоа температурите се доста високи. Со магнетометарот испитано е магнетните полиња околу Венера, кои варираат меѓу 2 γ и 10 γ. Тоа ги потврдило истражувањата и резултатите на Пионир 5 од 1960 година. Ова бил доказ дека меѓупланетарниот простор не е празен, туку дека во него освен честичките од Сонцето делуваат и силите на другите планети. Конкретно за Венера, добиените резултати покажувале дека таа нема магнетно поле, или истото е многу слабо. Магнетометарот можел да детектира промени во јачината на магнетното поле и работел по тој принцип, иако во близината на планетата не забележал никакви промени. Можно е, како што покажал Пионир 5, Венера да има магнетно поле, но тоа е многу слабо (1/10 од Земјиното). Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia