Тесла (симб. T ) — изведена SI-единица за магнетна индукција („густина на магнетен тек“). Една тесла е еднаква на еден вебер на квадратен метар . Усвоена е во 1960 година и именувана во чест на српскиот пронаоѓач Никола Тесла .[ 1]
Дефиниција
Честичка со набој од 1 кулон што минува низ магнетно поле од 1 тесла со брзина од 1 метар во секунда нормално на полето се соочува со сила од 1 њутн (Лоренцов закон за силата ).
Во основни SI-единици , теслата може да се изрази и како
1
T
=
1
V
⋅
s
m
2
=
1
N
A
⋅
m
=
1
W
b
m
2
=
1
k
g
C
⋅
s
=
1
k
g
A
⋅
s
2
=
1
N
⋅
s
C
⋅
m
{\displaystyle \mathrm {1\,T=1\,{\frac {V\cdot s}{m^{2}}}=1\,{\frac {N}{A\cdot m}}=1\,{\frac {Wb}{m^{2}}}=1\,{\frac {kg}{C\cdot s}}=1\,{\frac {kg}{A\cdot s^{2}}}=1\,{\frac {N\cdot s}{C\cdot m}}} }
Жива жаба лебди во магнетно поле од 16 тесли
Употребени единици:
A = ампер
C = кулон
kg = килограм
m = метар
N = њутн
s = секунда
T = тесла
V = волт
Wb = вебер
Претворање
1 тесла е еднаква на:
10 000 (или 104 ) G (гаус ), од системот СГС . Така, 10 G = 1 mT (милитесла), and 1 G = 10−4 T.
1 000 000 000 (или 109 ) γ (гами), од геофизиката . Така, 1 γ = 1 nT (нанотесла)
За изразување на нискочестотно електромагнетно зрачење во домот, најпотребни се следниве равенства:
1000 nT (нанотесла) = 1 µT (микротесла) = 10 mG (милигаус)
1 000 000 µT = 1 T
Бидејќи теслата е преголема за секојдневна употреба, во електроинженерството силата на магнетите обично се изразува во гауси . Во науката мислењето е поделено: некои научници настојуваат да се држат до SI, додека други сакаат да бидат практични, па го користат гаусот.
Примери
31 µT (3,1×10−5 T) - силата на магнетното поле на Земјата, на екваторот (0° ГД)
5 mT - сила на магнет за фрижидер
1,25 T - јачина на магнетното поле на површината на еден неодиумски магнет
1 T до 2,4 T - сила на магнет од типичен звучник
1,5 T до 3 T - сила на медицинска магнетна резонанца во практичната употреба (експериментално до 17 T)[ 2]
Поврзано
Наводи
↑ Усвајање назива "Тесла" за међународну јединицу магнетне индукције, Електротехнички институт "Никола Тесла", Годишњи извештај за 2006. годину, Срђан Спиридоновић, ISSN 1820-256X
↑ „Ултрависоко поле“ . Bruker BioSpin. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 4 ноември 2011 . (англиски)
Надворешни врски