Мариовско-прилепска буна (1564-1565)
Мариовско-прилепски буни — едни од првите начини на отпор против османското ропство во Македонија. Прва бунаПоради самоволието на собирачите на даноци во летото 1564 година се кренала првата локална буна на селаните во Македонија и тоа во Мариово во периодот на подем на Османлиското Царство, кога со неа владеел Сулејман Величествениот. Водачи на буната биле Димитри Стале од село Сатока, попот Димитри од село Градешница, Стојан Пејо и попот Јако од село Старавина и Матјо Никола од село Велиште[1]. Буната од Мариово се проширила во повеќе прилепски села. Турскиот султан испратил наредба до кадијата во Прилеп и скопскиот санџакбег да ги фатат водачите на буната и да ги ликвидираат или да ги испратат како веслачи на бродови. На 4 декември 1565 г. била издадена нова султанска заповед за воспоставување на ред и враќање на мирот. Се смета дека оваа буна била крваво задушена, бидејќи во тоа време исчезнале селата Сатока и Пештје (Бешиште), но сепак оваа буна е една од причините што Мариово никогаш не било исламизирано. Втора бунаВтората мариовска буна во 1688/89 година имала помали размери од претходната. Тоа е време кога со Мариовскиот Хас (општина) управувал Мехмед-паша. Тој се жалел до Високата порта дека мариовската раја и натаму се бунтува, а доста Мариовци се одметнале во ајдуци. Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia