Александар Матковски
Александар Матковски (влашки: Leko Matku, Леко Матку; Крушево, 30 мај 1922 - Скопје, 15 април 1992) — прв доктор на историски науки од Македонија и прв ориенталист. Автор на познатото хералдичко дело „Грбовите на Македонија“. ЖивотПодолго време (до 1936 година) живеел во Гостивар, а потоа се преселил во Скопје[1]. Како член на КПЈ и учесник во НОБ (од 1941 година), бил уапсен на 2.VI.1942 и како малолетник бил осуден на 10 години строг затвор, а казната ја издржувал во Скопје, Варна и Идризово (Скопско, до 29.VII.1944)[1]. По бегството од затворот се вклучил во Петтата македонска НО бригада на НОВ и ПОМ[1]. Во затворските денови напишал многу песни на македонски јазик, зачувани во архивот на МАНУ, дел од нив и објавени по ослободувањето[1]. Завршил учителска школа 1947 година во Скопје, виша педагошка школа во 1949 во Белград, филизофски факултет (историска група) во 1951 година во Скопје, докторска дисертација на тема „Ѓурчин Кокалески (1775-1863)“ одбранил во 1957 година на загрепското Сеучилиште, завршил филолошки факултет (група ориентална филологија) во 1961 година во Белград. Добитник е на повеќе награди и признанија. Членувал во МАНУ од 1985 година. Објавени дела![]() ![]()
Надворешни врскиНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia