Втора ќерка е на романскиот крал Фердинанд Румунски (1865-1927) и романската кралица Марија (1875-1938), принцезата на Велика Британија и Ирска, внука на англискиот крал Едвард VII и внука на кралицата Викторија.
Бабата на Марија по мајка била големата војвотка Марија Александровна, сестра на рускиот цар Александар III, а нејзиниот дедо по мајка бил Алфред, војводата од Единбург - вториот син на британската кралица Викторија.
Таа била многу образована. Пред бракот ја имала титулата принцеза на Романија. И како правнука на кралицата Викторија, таа била во роднинска врска со сите европски кралски куќи. За време на Првата светска војна работела со мајка си во болница, грижејќи се за ранетите. Бидејќи ја нарекувале исто како нејзината мајка, таа била позната и по прекарот Мињон.
Свршувачката со југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ била објавена на нејзиниот роденден, 9 јануари 1922 година во Синај.[1] Свадбата се одржала на 8 јуни1922 година во Белград.[2] Со него таа родила три сина:
По убиството на кралот Александар во Марсеј на 9 октомври1934 година, таа останала да се грижи за своите синови и го подготвила Петар да ја преземе кралската улога кога ќе порасне. Кога кралот Петар II дошол на власт на 28 март1941 година таа станала кралица-мајка. Прашањето за бракот на Петар со грчката принцеза Александра, кој бил склучен во пролетта 1944 година, трајно ја отуѓил од нејзиниот најстар син.[4] За време на Втората светска војна учествувала во работата на Комитетот на Црвениот крст преку кој испраќала хуманитарна помош во Југославија, но не го потпишала своето име туку псевдонимот Марија К.Ѓорѓевиќ.[5]
По Втората светска војна, таа живеела скромно во Англија на имотот во Кент Шарл де Гол во 1959 година ја одликувал со Големиот крст на Орденот на Легијата на честа.[6]
Таа починала на 22 јуни1961 година во Лондон и погребана е на кралските гробишта Фрогмор во Виндзор. Нејзините останки биле ексхумирани и пренесени во Србија на 29 април 2013 година[7][8], а на 26 мај 2013 година, како дел од државниот погреб, биле погребани во Опленац.[9][10] Со одлука на Вишиот суд во Белград, таа била рехабилитирана на 14 април 2014 година.[11]
Таа била многу популарна меѓу српскиот народ. Во традиционалното општество на тогашна Србија, таа била пример за скромна сопруга и мајка. Била активна во добротворни цели.
Кралицата Марија во подоцнежните години.
Титули и награди
9 јануари 1900 година - 8 јуни 1922 година: Њ. К. В. Принцезата Марија од Романија, принцезата од Хоенцолерн-Зигмаринген.
8 јуни 1922 година - 6 јануари 1929 година: Нејзиното височество Кралицата на СХС
6 јануари 1929 година - 9 октомври 1934 година: Нејзиното височество Кралицата на Југославија
9 октомври 1934 година - 22 јуни 1961 година: Нејзиното височество Кралицата Марија, кралицата мајка