Александар I Караѓорѓевиќ
Александар I Караѓорѓевиќ (српски: Александар I Карађорђевић) (17 декември 1888 во Цетиње, Кнежевство Црна Гора — 19 октомври 1934 во Марсеј, Франција), познат како Александар Караѓорѓевиќ, Крал Александар и Александар Обединителот бил крал на Кралството СХС од 1921 до 1929 година, а од 1929 до 9 октомври 1934 година, крал на Кралство Југославија.[1][2][3] МладостАлександар Караѓорѓевиќ е роден на 16 декември 1888 во Цетиње, Кнежевство Црна Гора како четврто дете (втор син) на Петар I Караѓорѓевиќ (син на кнезот Александар кој триесет години претходно бил приморан да абдицира и да ја предаде власта во Србија на династијата Обреновиќ) и кнегињата Зорка од Црна Гора (најстарата ќерка на тогашниот црногорски кнез Никола Петровиќ-Његош). Александар имал две години кога неговата мајка, кнегињата Зорка починала во 1890 од компликации за време на пораѓањето со неговиот брат Андрија, кој исто така починал по 23 дена. ![]() ![]() Александар го поминал своето детство во Црна Гора; сепак, во 1894 година неговиот татко вдовец ги зел трите деца, меѓу кои и Александар, во Женева, каде што тој го завршил основното образование. Заедно со својот постар брат Ѓорѓе, продолжил со школувањето во царскиот корпус во Санкт Петербург, Руската Империја. Во 1903 година, додека младиот Ѓорѓе и Александар сè уште се образувале, нивниот татко Петар, заедно со група заговорници, успеале да организираат државен удар во Кралството Србија, познат како Мајски преврат, во кој кралот Александар I Обреновиќ и кралицата Драга биле убиени. Така, династијата на Караѓорѓевиќ го презела српскиот престол по четириесет и пет години, а 58-годишниот татко на Александар станал крал Петар I, поради што Ѓорѓе и Александар се вратиле во Србија за да продолжат со нивните студии. АтентатУбиен е во атентат во Марсеј, од страна на Владо Черноземски, по наредба на ВМРО, на 9 октомври 1934 година. Атентатот на кралот е еден од ретките атентати снимен на филм и е една од поважните снимки во историјата на филмот. Пукањето се случило точно пред објективот на снимателот којшто не успеал да го сними самото убиство, туку последиците од него и успеал да ги сними неколкуте минути после тоа, така што од само неколку сантиметри оддалеченост е снимено и мртвото тело на кралот. Предци
Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia